Факултетот денес се повеќе го губи своето значење.Се отворија факултети во сите градови,се запишуваат сите....не е како порано да има некој лимит туку колку кандидати има сите се примаат.Денес сите се академски граѓани,без оглед на тоа колку поседуваат знаеење,важно имаат диплома.Но факт кој најмногу ме иритира е тоа што сите се примаат на факултет,нема приемни како порано барем кај повеќето факултети,воопшто не се гледа просекот важно е само да се поднесат документите и примен си на факултет.Како така после неколку години сите се здобиваат со диплома,без разлика на вложениот труд.Изгледа парадоксот на ова време е :што повеќе академски граѓани,помалку знаеење....
^Тоа што се отвараат факултети во сите градови до некаде е позитивно од таа гледна точка дека не секој може да си дозволи да учи во Скопје.Но,сепак не сум за да се отвараат во секој еден град! Инаку да,секој се запишува...Некој што едвај ја минеле годината се запишуваат на факултет и тоа на оние потешките.Не е само да се потполни бројот на студенти,а да нема ни малку квалитет. Сметам дека треба да постои одреден критериум за запишување на факултет. А инаку мислам дека е позитивно тоашто воведоа пракса на факултетите.Според мене она што сме го научиле теоретски,ќе научиме да и да го применуваме.Џабе ќе ја знаеме теоријата,кога нема да знаеме да ја примениме!
И ја мислам дека го губи значењето и тоа како! Па луѓе бе јад ми е што се наоѓам мегу луѓе што немаат општа култура...Нешто што крајно ме жифцира е кога ќе слушнам некое лице со звање студент (академски граѓанин) да му се обрача на професор со ТИ...
Јас мислам дека го губи се повеќе и повеќе постепено.. порано поим ми беше мене факултет си викав вауууу ова мора да си со сите 5ки да влезеш некогашна едвај 3ка денес е чиста 5ка во средно, и затоа полесно и се влага на факултет.Мислам дека прво средното го изгуби своето значење како поим а потоа и факултетиве, сите професори со спуштени критериуми, учебниците се се помалку обемни, полесни за разбирање..А денес особено со отварањето на приватниве факултети секој што не би влегол на државен може да заврши приватен да си купи диплома фактички :/ И сите ќе бидеме еден ден високообразовани луѓе кој чесно кој со купена диплома и пак нема да биде тоа-тоа..НЕ ми се допаѓа ова во никој случај зошто не е во квантитетот на образовани луѓе, во квалитетот е! Така мислам јас.
Нашата држава прави факултетот да го губи своето значење. Од една страна пропагира - Знањето е сила, знаењето е моќ, од друга страна гледаш секакви неписмени со основно и средно вработени на некои фини позиции со една убава месечна сума личен доход, од трета страна - 98% од студентите се на факултет. Оди најди им НЗС. Лично до мене, ДА, кога сум напи*дена и страшно нанервирана си викам што ѓубре си мори тутурко, гз да си избришам со тебе и да те џитнам, но миг потоа се смирувам зашто секако ќе одев на факултет и секако ќе го завршев. Дали тука ќе се цени или не, многу ми е гајле, јас си го ценам, мој труд, мој напор, моја мака. Факултетот е скалило погоре, сосема поинаков свет, различни луѓе, реткост е, но се наоѓа по некој професор со кој може да се дискутира, да се дебатира, да го смени вашиот поглед на гледање на некои работи, да се размислува во сосема поинакви насоки, и таквото искуство е бесценето. Секако тоа нема да се случи со пиење кафе + трач со комшивките. Никакви лепачи на плакати, полтрончиња и гзолижачи никогаш нема да ме разубедат да си се откажам од дипломата и да речам дека нема вредност, ниту потреба. Секој за себе, јас сум одбрала така и си го почитувам изборот. Знаењето и квалитетот кога-тогаш ќе испливаат на површина, а дипломата е билетот за влез.
Незнам дали го има изгубено своето значење,секој со својата срека ама знам дека братучед ми 7-8 години одкога има завршено факултет за царина и си седи дома и ги менува пелените на своето дете,исто така и други кои ги познавам наместо да работат она кое го завршеле работат на машини за 6000 од утро до мрак. А имам и професор на факултет кој си нема појма од предавање,сакам да кажам дека кога и да му постават прашање тој го бара одговорот од книгата.Смешно. А и да ја имаш дипломата а си никаков во душа се ти е џабе зошто може да те засрами и некој со гимназиско образование.Денеска и неписмени одат на факултет.
kje gubi koga pocnaa site so prepisuvanje i so plakanje ili vrski da zavrsuvaat fakultet za edna mocana diploma koga kje odat na rabota odma kje vidat sto maslo se sramota za cel obrazoven sistem vo drzavata skoro , Osven Medicina Praven i Ekonomski So Elektro Finki drugive fakulteti se se ebi veter mn se ner vaka Zalno e ili site da pominuvame lesno ili nieden
Го изгубија значењето и факулетите и дипломите до кои е многу лесно да се дојде ако имаш длабок џеб. Инаку тој што си учел, си знае само неможе да напредува од тие со купените дипломи кои му го зимаат работното место.