Гледав нема ваква тема е мене ми е прекупотребна ... Го има некој гледано филмот Waiting for Forever (2010) нетов не дава да се луксузирам со експерименти ако не вреди да не го гледам .
Ухуху, одлична тема. Го има некој гледано „The butterfly effect“? Се мислам дали да го симнам, имам точно уште за филмов и после сум офф ди лимит.
Да го симнеш. За мене е еден од подобрите филмови кои ги имам гледано. Ако си љубител на психолошки приказни нема да зажалиш А за Waiting for forever Уствари зависи што очекуваш Лимонатка Спојлер Момче што работи како жонглер и ја следи девојката што ја сака низ цела држава каде и да живее. Ништо посебно. Има милион други филмови поромантични од овој
убав филм ако си фан на романтични филмови! Мене лично многу ми се допадна, една поинкава (малку чудна ) љубов! во тоа време ми требаше нешто што ќе ми ја врати вербата дека постои виситинска љубов! успеа Ми се допадна начинот на кој типот ја сакаше и никогаш ја немаше заборавено, иаку мислам дека сепак тоа е малце претерано, но сепак, можеби некаде постои! Мене ме разнежни, ептен, Спојлер се расплакав како кишна година, да ималце ми е срам да зборам јавно мислам дека ќе ти се допадне
Го има ли некој гледано Waist deep ? Се сеќавам отворив тема за него ама мислам дека сеуште никој нема ништо напишано
Барам филм Ги има некој гледано овие серии ? http://www.imdb.com/title/tt0460681/ [url=http://www.imdb.com/title/tt1349938/]http://www.imdb.com/title/tt1349938/ [/url] http://www.imdb.com/title/tt0955346/
Го неам гледано но го изгледав трилерот и ми се чини дека е интересен изгледај го трилерот и ти па види
го има некој гледано: Our Idiot Brother (2011) ?? Спојлер сакам да го симнам но дали вреди да трошам GB на овој филм
Јас го имам гледано Four Christmases и интересна комедија е.Баш за празничните денови . Е сега комедија како комедија не треба да очекуваш којзнае што.За опуштање и релаксација е одличен. Но мене лично во почетокот ми беше поинтересен,таму некаде на крајот станува малку досаден.
The Rite http://www.imdb.com/title/tt1161864/ Го има ли некој гледано??Добар е? Јас го обожавам Ентони Хопкинс и не ми се верува дека со него може да биде лош,но сепак да си прашам
И јас го обожавам, баш затоа го гледав филмот. Многу ми се допадна Гледај го! Многу добар и поучен филм 10/10
Го има некој гледано Pulp Fiction на Тарантино? После Неславни копилиња ми се гледа некој друг така од Тарантино добар.
Jас сакам да го гледам And Soon The Darkness ми се виде интересен траилерот, па ако може некоја што го гледала да каже дали е арен
Лудо, го имам гледано поодамна. Од тоа што се сеќавам, добар беше. Барем мене ми се допадна. На моменти помалку досаден и тапкаше во место приказната, ама ок е за едно гледање.