1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Го има некој гледано филмот... ?

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од vendiii, 30 октомври 2011.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.211
    Допаѓања:
    11.905
    Пол:
    Женски
    Ти го гледаше?
     
  2. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.809
    Допаѓања:
    23.577
    Не, само читав дека го промовирал.

     
  3. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.211
    Допаѓања:
    11.905
    Пол:
    Женски
    Па знам дека го промовираше, ама тоа не значи дека е филмот сериозен, без разлика кој како го сфаќа. Не тврдам и дека не е.
     
  4. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.809
    Допаѓања:
    23.577
    Сакав да кажам дека е десничарски ваљда, не знам дали е сатира, пародија и слично, али целта и таргет публиката се ваљда јасни со оглед на промотерите. Врска немам за што станува збор, не гледам филмови промовирани од Маск, само ,,woke" Холивуд следам.:bug:
     
  5. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.211
    Допаѓања:
    11.905
    Пол:
    Женски
    Не мора да се заклучи така. Има доста суптилни пораки во филмовите. Овој филм многу личи на заебанција. Маск го објави кога дозна дека Германија го забрани за кино дистрибуција, тоa беше неговата врска со проектот.
     
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.804
    Допаѓања:
    139.693
    Пол:
    Женски
    И десницата и левицата низ светот претеруваат. Филмов нема врска со идеологија.
    Бол кажа дека е инспириран од случај со неправда во кој злосторниците силувачи не добија казна и буквално го посветува Citizen Vigilante на жртвите на силување.
    Филмов зборува за распадот на системот за безбедност и доведување на граѓаните на државата во втор ред поради мигрантите. Што е децениски проблем насекаде и не се решава.
     
  7. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.211
    Допаѓања:
    11.905
    Пол:
    Женски
    За мене ова е делумно сатиричен и апсурдистички филм, затоа што еден капиталист никогаш не би го заштитувал народот. Мислам дека целото општество е мета на критика, бидејќи неколку пати беше прикажана загриженоста на бетменот за својот капитал. Филмот можел да биде и подобар, но дефинитивно е забавен, не би го нарекла лош.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.804
    Допаѓања:
    139.693
    Пол:
    Женски
    Бол кажа и дека главниот лик не е типичен суперхерој туку некој со маани. Се доловува реалноста.
    Не постои совршен човек. Секој има фрустрација за нешто што може да му предизвика реакција.
    Филмов е одличен за почнување дебата за имање или немање разум и поставување граници.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.