Јас го имам гледано, и така страшничок е И доста језив Не знам, мене ми се допадна, имаше моменти кога стварно од памет се вадев. А ако сакаш ептен страшен, можеш да го гледаш и The Woman in black, со Даниел Редклиф. Е на тој филм се покакав од страв (со извинение) Пострашен филм немам гледано, дури не го ни догледав до крај, не можев, ќе умрев (сама бев дома и беше 3 саат сабајле, така да...)
го има некој гледано новиот филм со том крус, rock of ages? гледам доста актуелен е, а гледав и трејлер...дали ви се допаднал, за оние кои го имаат гледано?
Дали го има некој гледано филмот Prince and the Showgirl, пред некој ден го даваа на тв1000 ама го пропуштив и многу ми беше жал. Инаку филмот е со Marilyn Monroe.
јас би препорачала сепак да го гледаш оргиналниот Француски филм .... Многу ме нервираат овие преработките кој се само рад јазикот !!!!!!!!!!!!!!!! www.imdb.com/title/tt1194616/
Новиот на Дениел Редклиф - The Woman in Black? Вечер останувам дома, па сакам да го гледам. Коментар?
^ Да ти кажам право обожавам хорори и до сега буквално ме исплашил само Insidious неможев да спијам месец дена на раат (само со упален ТВ). Ама се опоравив, инаку општо си обожавам хорорчиња. Ајде сега го спуштам па ќе видиме. Фала P.S. Најдобро се гледа на вакво дождливо време, фалат само уште громотевици
Aко си љубител на хорори, погледни го, еден од подобрите кои сум ги гледала. A крајот е тотално неочекуван, барем јас не очекував така да заврши. Tи препорачувам ако си гледала повеќе хорор филмови, освен оние Пила, Прстенот и останати срања.
Братучет ми ми покажа една сцена од The Woman in Black и ми смрзна крвта. Вика дека не бил којзнае колку страшен, имало само неколку сцени такви, ама вреди да се погледне. Ќе ја искористам оваа недела за да го гледам.