Се заљубив само што го видов .. Носам само рамни чевли .. ама за овие од лани се туфкам. Ахх, кој ме тераше да си го отворам фолдерот со ваквите нешта во него .. сега само ќе тажам што ниту едно од овие прекраснотии немам.
Не љубам баш светки, ама за ова правам исклучок. би ги сменила само штиклите - нејќам вакви сандали, пре сум за обична салонка.
Се заљубив во едно мантилче, мора да го купам! Вршам притисок врз мајка ми, ко ЕУ за решавање на спорот со името. Ваква боја: Оваа должина: и ташнава во пакет, и ќе си свирнам од инструментчево од среЈќа ...
У Страдивариус имаше сезонава, ама не баш вакви него ко плетени џемперчиња за 12 евра у попуст Само тоа шо го земав е онака, со големи дупки ама моделот е тој. Напред пократко, позади подолго. Паѓа преку едно рамо. Точно вакви блузи има у најновата пролетна колекција на Х&М. Многу се згодни за носење. Ма се заљубив ептен. Две три парчиња тенки блузичиња, едно врз друго и шибаш. Сега се актуелно по 20 евра. Значи или Солун или ако можеш да нарачаш по некој или да си почекаш у Евроазија за верзијата од Страдивариус Јас одамна посакувам, најобични елегантни џокејски чизми, од тврда кожа, напред подолги, позади пократки, пролив боја, патент одпозади. Ама нема Слика немам. У глава ми се завртени ко претстава и не ми искачаат од неа
Ливченца, ах колку ми се нежни и убавки, посакувам секаков акцесорис со ливченца Фаворитот и уште многу други кои ги сакам Спојлер Moже и чевли