Па да, ко по обичај. За ништо друго не можам да мечтаам ко по чевли... се друго ми е пролазно и не ми е ни приближно мерак ко што ми се чевли. Секогаш. И во вечни векови! Колекцијава на Бершка за чудо ептен ме бендисува. И од Манго. И Зара (иако ја мразам од дно на душата заедно со Манго зошто ми се пандан на сељандури кои одат да се упражњаваат на брендови, особено на Зара со назначување на страшниот неквалитет,ама си зборувам за моделите само) Сите ги сакам, иако поголемиот дел ко модели се слични едни на други! Уствари прееска бев заспала (во никое време за спиење...и еве тоа правам сега, гледам чевли) и сонував чевли...многу чевли!!! Знам што значи, ама...сакам чевли!