Многу ми се допаѓа фустанов, се мислам да си го скројам. Од новата креативна колекција на adidas ми се допаѓаат овие. Плишени се ,а и принтов ми е под кожа влезен. Опет фустанче.
пукнав по копитово, од кога го дрвам, ама се ме мрзи да идам, а плус и не се баш ефтини,а ми е страв да не се скинат ко предходните од таму што ги земав, ај тие беа 600, овие 1600 ! А на друго место па вакви немам видено
Моментално ги сакам само овие тегет или кремастите балетанки од Аванти али незнам дали се искочени Спојлер
Знам дека може да се најдат еден куп вакви слични мантилчиња низ продавнициве. Но, се' се смени од кога одблиску ги видов и ги пробав. Преубави се. Од тогаш е една од моите неостварени љубови Ептен ми се допаѓа. И ваква една (или слична) морам да имам, но ќе го чекам попустот. Ако го има воопшто
И да, листата ми се зголемува и зголемува.... Којзнае до кај ќе оди, се плашам само место да не немам веќе, а? Епа во пoследно време затрескана сум по ова..