Моментално ги сакам најобичните тако звани јавачки чизми, во светов што постојат. И еден сребрен или златен наједноставен каиш. Е, ваков.
Ќе убијам за фустанов... го сонувам веќе 7 месеци уште да успеев да најдам асална слика, не со print screen да вадам
Исти вакви пронајдов во Шевињон, ГТЦ втори кат. 5 илјадарчиња беа, така да на тој што му е длабок џебот го советувам да си ги земе, срциња се Додека другарка ми ги гледаше другите чизми и обувки, јас стоев, со штикливе во рака, и ги гледав, ги галев. Беа мои за 5 минути.... Искоментирав, да имав 5 илјади со мене и со нив да требаше да купам повеќе работи, јас сите би ги дала за штикливе... Ама тоа е.
Едно е слични, или пак скоро исти, а друго е да најдеш нешто сосема идентично! Џефри Кемпбел сигурно не беа, ама им немаше мера. Сум видела други копии низ Скопјево, ама кога ќе ти се присакаат тие, џабе... Пардон за офф.