Јас си ја порачав преку Сакамкниги, еве и јавно да ја пофалам девојката, многу брзо и навремено ми одговори, ми ги испрати итн итн. Секоја чест, професионалност на ниво. Инаку книгата е супер за релаксирање, ја читав во периодот кога полагав матура и едноставно те опушта. Преводот е супер - јас сум многу цепидлака за преводи инаку - и ми се допаѓа како целина. Е сега, ако не сте љубител на чик литература, дефинитивно не е за вас книгата. Значи нема тука мисли, цитати, нешто поучно, туку е забавна за читање. Пред спиење - супер. Омилен дел - кога му се измочка во торбето. Пахаха, добра идеја. п.с. сега ја довршувам Го сакам Париз и предлагам да ја преименуваме темата во Го сакам Њујорк/Холивуд/Париз. Сепак се поврзани.
Се согласувам во целост со критиката на Дози. Затоа кога ќе ја дочиташ Го сакам Париз ,кажи впечатоци да знам дали да ја купувам таа.
Книгава е нешто УАУ!!! Ја купив и неа и „Го сакам Холивуд“ и „Го сакам Париз“ и не зажалив што дадов пари за нив. Навистина се прекрасни!! „Го сакам Њујорк“ ја прочитав практично во еден здив, не приметив кога дојдов до крајот. Се вљубив во Марк Џејкобс чантата (иако појма немам како изгледа) само од раскажување на Анџела. А во Њујорк се вљубив повторно. Беше стара љубов која се обнови! Сега почнав со читање на „Го сакам Холивуд“ и пак останувам без здив. Анџела е навистина олицетворение на урбана девојка, која лечејки ги раните од неверстовото, се заљубува прво во градот, а потоа и си го наоѓа совршеното момче(иако јас би го избрала Тајлер наместо Алекс). Ми останува уште да видам како ќе заврши Холивудската авантура, а потоа ми останува Париз. И да, посакувам уште некоја љубов кон нова метропола од Линдзи Келк!
Ветено - сторено, репорт од Париз специјално за Мис Независна. Верувај, Го сакам Париз лично мене ми беше најсмешна. Да не ти го кршам филмот, вреди за парите, опушта, не замара, заплети еден куп. Се изнасмеав на повеќе пати, не откривам кои делови. Ако го немаш Холивуд, земи го прво него, потоа премини и на Париз. Најбрзо ја прочитав од сите три, само ме разочара крајот. Очекував дека ќе има нешто поконкрентно, но ајде. Мислам дека со овој крај, остава место за уште продолженија, сигурно ќе напише барем уште за една метропола. Спојлер Ах, ај да не ви кажувам што ќе се случи со чантата во Париз.
Книгава ја прочитав пред една година и многу ми се допадна. Многу е интересна. Планирам сега да ја купам ' Го сакам Париз', како ви се допаѓа таа ? Која е подобра ?
Интересни се сите 5 дела но искрено се каам што си лупнав толку пари на сваштарија наместо да си купам некоја научна, ама ајде :/
Сум ја читала Го сакам Њујорк,Париз и Лондон многу ми беа интересни најмногу ми беше смешна го сакам Париз