1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Го сакам Париз (Линдзи Келк)

Дискусија во 'Книги' започната од laryla, 10 февруари 2012.

  1. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Книгава ја дочитав денеска.Многу добра,како и останатите книги од серијалот на "Го сакам..." многу хумористични и романтични.Едвај чекам да дојде и четвртиот дел Со Вегас. :)
    Па драги мои, авантурата продолжува. Ја следевме Анџела кога побегна од Лондон во Њујорк поради тоа што нејзиниот свршеник ја изневеруваше на задното седиште од нивната кола, ја следевме во Холивуд каде требаше да интервјуира популарна филмска ѕвезда – авантура која за малку ќе ја чинеше работно место, американска виза и момче, а сега ја следиме во сосема нова и тоа европска авантура.
    Сите опседнати со оваа трилогија веќе знаат дека сега Анџела го има совршеното момче Алекс, и дека тој е подготвен за следниот чекор – заедничко вселување. Но нашата Енџи, изгорена па сега дува и на јогурт, смета дека заедничкото вселување не е толку паметен избор затоа што мисли дека тоа би ја уништило нивната врска и би можело да заврши како нејзиното последно непријатно искуство со нејзиниот бивши.
    бивши.
    Како нарачано, Алекс добива понуда да свири на фестивал во Париз, а Енџи да пишува за модното списание Belle што за Анџела претставува одлична шанса да се одложи разговорот за заедничкиот живот и воедно да се искористи едно убаво романтично патување во еден од најромантичните градови во светот.
    Но може ли сè да биде толку добро колку што звучи кога е во прашање Анџела? Се разбира дека не може. Најпрво, нејзиниот куфер преполн со скапа дизајнерска облека која Џени ѝ ја позајмува за да биде во чекор со високата мода во Париз е ѕверски разнесен во воздух од страна на обезбедувањето на францускиот аеродром. Oui madame, вистина е. Да не имавте некој вибратор внатре, нешто беше сомнително во него?
    И како тоа да не е доволно, нејзината надредена од списанието Belle е вистинска КУЧКА која успева да ѝ упати и до десет навреди во минута. И како тоа да не е доволно, некој сака да ја саботира нејзината важна задача на десетици начини. И КАКО НИ ТОА ДА НЕ Е ДОВОЛНО, во Париз се појавува бившата девојка на Алекс. Долгоногата, русокоса Солен која прави моделите на Victoria's Secret да изгледаат како куп дебели, набиени прасици. Руса коса, долги нозе, размачкан креон, главен вокал и гитарист во секси женски бенд, француски акцент, стан со поглед на Сена... дури и на Анџела ѝ доаѓа да ѝ се фрли во скут на Солен. Но Солен го сака Алекс назад, таа го сака СВОЈОТ Алекс назад.
    Ова навистина не е фер. Сè што сакаше Енџи беше да носи беретка, да го држи за рака Алекс додека тој носи црна ролка во француски стил, да се шетаат заљубено покрај Сена, да ја храни со сирење... и секако, да тркне до Шанел. Зарем мораше повторно сè да тргне наопаку?
    Дали најромантичниот град во светот ќе ја украде љубовта на Анџела? Дали таа ќе зажали што не сакаше да се всели со Алекс додека тој ја молеше? Дали бегството повторно ќе се чини како најдобра опција сега кога Лондон е на само некој час возење со воз?
    Не се ни сомневам дека ќе дознаете сами во продолжението кое ќе ве насмее колку што не успеаа првиот и вториот дел заедно.
    Топло ви препорачувам да ја прочитате,многу добра книга... :inlove:
    Книгата може да се купи:

    Книжарница ТРИ, Култура и Топер (ГТЦ, ТЦ Бисер и Рекорд) и Кавказ - Скопје
    Мист, Штип
    Везилка, Охрид
    Мозаик, Струмица
    Бонига, Неготино
    Ренде, Куманово
    Дирикон и Сплендид, Кавадарци
    Култура-Гост, Гостивар
    Ние Пром, Гевгелја
    Киро Дандаро, Битола

    По цена од:380 денари
     
    На sweetgirl1106 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Ми изгледа интересна :)
     
  3. sweetgirl1106

    sweetgirl1106 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Моите омилени книги,плачам од смеење кога ги читам! :rofl:
     
  4. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Majка ми ја зема да ја чита а покрај неја и јас ја прочитав. Книгата е супер . Солен е опишана како типична париска д евојка која пее во бенд . Но Анџела е една сосема друга личност која многу го сака Алекс и се ќе стори да го зачува . Таа еспремна на се па дури при крајот на книгата со воз се враќа дома но по неклку неочекувани настани таа се враќа во Париз каде ја предизвикува Солен . Книгата вреди да се прочита . Исто како и првите два делови . Во план имам да ги прочитам и следниве продолжетоци :)
     
  5. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Скоро ја завршив Го сакам Лондон сега другите се наред, многу интересна книга, една од омилените ми е сега :D само згрешив мислев дека не се поврзани и почнав со Го сакам Лондон ама ќе се навратам на другите со сигурност :)
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ништо посебно. Некогаш дури се прашувам зошто читам вакви книги.
    Просечна, ок хумор, лесна приказна.... фино.
     
  7. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    најчесто читам психолошки романи, но малку за разонода и нешто лесно и интересно како овие книги. ги имам прочитано го сакам париз,лондон и њј јорк други незнам дали имаме по нашиве книжари. ги има? интересни беа, ај нека направат и филм да видам баш како би изгледал Алекс во филм,пошо вака јас доста добро си го замислувам :D
     
  8. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Сега го земав Вегас при крај сум, следена ми е да ја земам Го сакам Париз, ,многу убави книги мислам дека сите се интересни, лесни се а јас уживам во нив 8):)
     
  9. E*N

    E*N Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Да не има некој да ја продава Го сакам Париз и Го сакам Холивуд никаде не можам да ги најдам ?