1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Го сакам мирисот на...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од DAngel, 8 август 2011.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Сите имаме некој мирис што ни враќа убави спомени, што не разнешнува и опива, што не враќа во детсвото или на момент не праќа во некој далечна земја од соништата, некој мирис што кај нас буди посебни чувства. Кој е за вас тој мирис?

    Еве ќе почнам јас:
    Го сакам мирисот на свежо косена трева.
    Го сакам мирисот на расцветани багреми.
    Го сакам мирисот на борова шума.
    Го сакам мирисот на колачиња кои се печат во шпоретот.

    Ако е дупла, клуч :wasntme:
     
    На ladyVintage, Chocolate.me и sesilija им се допаѓа ова.
  2. feminna09

    feminna09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    14
    Ванилаааааааааа,бензиииин и нафталин :?: :)
     
    На Hygieia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Го сакам мирисот на море и јаготки :l:
    мммм.....
     
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Го сакам мирисот на море
    го сакам мирисот на пролет, на свежо косена трева
    го сакам мирисот на утринско кафе
    го сакам мирисот на него :inlove:
     
    На Milan444 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lovemebaby

    lovemebaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    174
    Го сакам мирисот на:пролетно утро
    Го сакам мирисот на:вкусен појадок/ручек
    Го сакам мирисот на: свежо овошје
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Го сакам мирисот на бебчињата...секогаш убаво мирисаат, мали, нежни, мили суштества...ги мирисаш и се топиш.
    Го сакам мирисот на тазе мелено кафе..
    Го сакам мирисот на ванила..
    Мирисот на лубеница...
    Мирисот на утрото после врнењето снег..
    го сакам мирисот на косена трева..
    го сакам мирисот на рузмарин..
    мирисот на скара..
     
    На Elmasa, cresa-jagoda и JustSimple им се допаѓа ова.
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Во Сенки, Менка рече - мирисот на печените пиперки и на липите, двата најубави мириса кои можат да постојат.
    Не можам повеќе да се согласам со неа.

    Го сакам мирисот на печените пиперки, особено во септември.
    Го сакам мирисот на липите во јуни.
    Го сакам мирисот на ванила, ме тера да се чуствувам меко и заносно.
    Го сакам мирисот на морето измешан со мирисот на кокосовото млеко за сончање.
    Го сакам мирисот на свежо мелено кафе - убивам за таа арома.
    Го сакам мирисот на пластични работи - ме потсетува на Југопластика и времето кога одевме таму за да ми купи тато душек и гума за пливање, а јас се губев помеѓу тие пластични работи и душкав.
    Го обожавам мирисот на бензин, ме потсетува на бензинските на кои застанувавме во ниедно време во ноќта. Ме потсетува на нашите долги, редовни патишта секое лето.
    Го сакам мирисот на нова книга. Секогаш кога купувам книга, скришум го нурнувам носот помеѓу страниците и силно вовлекувам како наркоман. Нема поубаво од мирисот на свежо купена книга која едвај чекам да ми ја стават на книжарскиот кантар и да ја купам.
     
    На Nigredo Odor, Someonespecial, kankus и 8 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.251
    Пол:
    Женски
    Го сакам мирисот на липите во јуни во Скопје особено затоа што пред зграда имам полно липи и багреми па кога ќе отворам прозор цел стан ми се полни со таа преубава рома.
    Го сакам мирисот на јоргован, ме потсеќа на детството и на јоргованот кај баба ми во двор.
    Го сакам мирисот на мелено кафе, ама онај мирис што се добива кога се мели во оние стариснките рачни мелници за кафе.
     
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    кафе
    трендафили
    боја што се суши
    чоколадо :inlove: :*
     
    На Elmasa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Го сакам мирисот на липи , го сакам Скопје кога мириса на липа, одам со носето кренато нагоре и уживам. Но сепак мирисот на свеж јоргован ми е незаминлив, мммммм.
    Meлено кафе мх мх, во Солун има цела улица каде мелат кафе, поминувањето покрај неа е уживање, но и не мора да е мелено кафе, јас го обожавам мирисот на свареното турско кафе, пред да се напијам секогаш го мирисам :wasntme:
    Го сакам септември, месецот на зимниците, го сакам тој мирис на пиперки, домати, мирисот на слатко посебно од сливи, дури и мирисот на киселкастите зимници го обожавам.
    Го сакам и мирисот на бензин, но не на секој, сеуште не распознав кој бензин го сакам :lol:
    Го сакам мирисот на мојата соба по една целодневна генералка, мирис од политура, завеса со омекнувач, свеж воздух, би го рекла мирис на чистота!
    Го сакам мирисот од скари за прво мајските празници, како душкало сум, месарче големо.
    Го сакам мирисот на мојот гел за туширање и млеко од мед и млеко, совршена комбинација, ми доаѓа да се изедам тогаш :D

    И за крај го сакам мирисот кога ќе поминам покрај Седмица и Вили :rofl:
     
    На Lolita5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Го сакам мирисот на спалната на моите. Ретко влегувам :nod: :shake: , обично за да пророшкам по книгите на татко ми или материјалите за шиење на мајка ми. Таа соба ми има посебен, недефиниран мирис, различен од мирисот на се останато. Не знам зашто, но, најдобрите идеи ми доаѓаат во таа соба :wasntme:. Инспирација ми се сите нивни џинџурии, костими, миксот на нив двајца и се нивно, подредено, како што татко ми сака, па поместено, како што мајка ми сака и повторно вратено на првото место на тате од кој друг ако не тате.
    Го сакам мирисот на недела. И тоа е единственото нешто, што го сакам во тој ден. Тоа ми е најмиризливиот и највкусниот ден од седмицата. Саде мириси и вкусови уште од рани зори. Мирисот на омекшувач. Бидејќи недела е ден за перење на сите гревови :wasntme: . Стартува уште во 6 часот, некогаш и порано. Мирисот на ванила, чоколадо, рум и ораси... тазе испечените колачиња за да тргне мрзата со блажко. Мирисот на пита со спанаќ и сирење, попрскана со вода, веднаш штом ја извадила мајка ми од рерна... тоа е оној момент на жуборкање и испарување на водата од тестото. Првиот бран мириси на испечено тесто со се на него, додека се пече пицата за Добро утро на брат ми. Мирисот на стасано тесто и чиста крпа од селското лепче на мајка ми. Мирисот на весници распостелани врз масата пред ручек (само тој ден татко ми поправа :D). Мирисот на ноќта наспроти понеделник, бидејќи е мирис на пуканки, сончоглед и кикирики (гледаме филм, не не вознемирувај! :!: ).
    Мирисот на моето животинче, кое ги собрало сите мириси од секое ќоше во куќава, од прашинките и паужинките на терасата на која се валја на сонце, од земјата од цвеќињата на мајка ми, што ги раскопува за да и покаже како се сади цвеќе :wasntme: ... и најубавиот мирис, нејзиниот величествен здив, кој може да те усмрти за една секунда. Ништо страшно, јас го преживувам секое утро, секој ден, пошто така се поздравуваме МЈАУ! во фаца под нос да ти направи треба, иначе не си нејзин и она не е твоја.
    Мирисот на смрдливите автобуси на Скопје го сакам. Тоа ми е уште едно место за инспирација. Некогаш и непотребно се возам чисто да мирисам и да зјапам во луѓе и приказни :D така што не е баш непотребно де.. но ајде. Мирисот на летните девојки :P тогаш поизразени ми се нивните мириси, свежо измиена коса, мирисот на лосион за тело, летни парфеми... Мирисот на Кеј и Вардар заедно.... на снег и какао, дожд и кафе, портокали и јогурт (мојата канцеларија) :wasntme: јаболки, сиренце и трева.
     
    На Suhan, unique123, The.Fame.Monster и 6 други им се допаѓа ова.
  12. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    го сакам мирисот на пролет
    го сакам мирисор на плажа
    го сакам мирисот на канела
    го сакам мирисот на лубеницата
    и не ми текнува (ако ми текне ќе допишам) :D
     
  13. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Го сакам мирисот на добар машки парфем :inlove:
    Го сакам мирисот на бензин, боја што се суши, на Киндер Буено чоколадцата... :P
    Но најмногу сакам кога ќе го отворам прозорот од мојата соба, ќе го погледнам моето најмило Скопје со сивите облаци над него и го вдишувам мирисот на дождот :wasntme:
     
    На Sienna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Мхм, мхм... Токму овој мирис ми беше инпирација за темата. По целодневно чистење пропаднав во мирисот на свежо обоени ѕидови, политура, омекнувач. А уште кога ми одблесна последниот сончев зрак од светнатите прозорци... Ех, убавини...
    И сакам да шетам после краток пролетен дожд, тој прекрасен мирис што го има воздухот, свежина што се шири насекаде, посебно кога поминувам покрај липата пред комшиите. Ех, колку ми фали липата што ја имавме во двор кога бев мала.
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Го сакам мирисот на море и млеко за сончање. :inlove:
    Го сакам мирисот на дожд и свежо косена трева.
    Го сакам мирисот на бензин.
    Го сакам мирисот на ванила-повеќе од сите други мириси! :inlove:
     
  16. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Го сакам мирисот на моето бебе, најубавиот мирис на планетата :inlove: . И потоа мирисот и на сите други бебиња. Го сакам мирисот на син ми кога наутро ќе ме гушне уште нерасонет :inlove: Мирис кој ми ја буди насмевката :)
    Го сакам мирисот на печените пиперки, додека се печат, но и после. И не само затоа што обожавам да ги јадам.
    Го сакам мирисот кога ќе влезам дома кај моите.
    Го сакам мирисот на воздухот кога после дооолгата зима доаѓа пролет.
     
  17. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Го сакам мирисот на море/езеро
    Го сакам мирисот на пролет
    Го сакам мирисот на липи
    Го сакам мирисот на добарр мажки парфем
    Го сакам бебешкиот мирис
    Го сакам мирисот на јаготки
    Го сакам мирисот на кифилињата кога се печат
    Го сакам мирисот на зачинети чипси :lol:
    Го сакам мирисот на косена трева.....
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.462
    Го сакам мирисот на бебињата,мирисот на море и на млеко за сончање, мирисот на печените кифлички,на ново купената книга...и највеќе од се го сакам мирисот на запалено чкорче :inlove:
     
  19. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    Свежо мелено кафе. Најубаво!
     
    На Milan444 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Го сакам мирисот на
    - печени пиперки
    - мирисот на дождот
    - блек ап
    - убав машки парфем
    - топли печени кифлички
    - мирисот на јоргован
    ...