Мммм...мирисот на свежо испечен чоколаден колач, врели мафини со цимет, Gucci quilty, а највеќе ми праи ќеиф мирисот на маж ми кога заспивам...просто се топам..и на мало слатко бебенце
... кога сум избањата,чиста. Така,тој мирис,без лосиони,без мириси,без ништо. Си го сакам мојот мирис. ... од чудните работи,го сакам мирисот на нови книги и маскарата. А,и пудра и руменило. ... на кокос. И ванила. И јагода. ... него. И кога ќе си ги оближам усниве и уште мирисам на него. ... на туната. Да,убаво ми мириса.
Есенското предвечерје после дождлив ден... Морската свежина... Егзотичниот раскошен мирис на ванилата и слаткиот кокос... Неодамна печатени книги... Старите споменари и детската пошта... Косата на моето малечко...Бекутанче! Мојата единствена,најсакана мачка која никогаш не мириса на мачка ,туку на нешто нежно...
Мирисот на .. Кокос, ванила, ацетон, бензин, мирисот на дечко ми , мирисот на секое вкусно јадење, мирисот на утрото, мирисот на најубавиот Бекутан..
го сакам мирисот на морето и нормално со него оди незаменливиот блек ап мм прекрасно чувство потоа мирисот на ванила во последно време се навлеков на неа и на кокос незаменливи се и да секако мирисот на чисто оној свеж и неутрален мирис кој се добива после туширање уживам во тоа. и да не ѓи заборавам мирисот на пресно испечено кафе и секако бензинот
Го сакам миристот на море.. Го сакам, ма сакам е мал збор, го обожавам мирисот на мојот моментален парфем и на лосионов за тело.. Го сакам мирисот на утрото кога сум наспана и свежо одморена за денот што ме очекува. Го сакам мирисот кој ме потсетува на некои личности, верувале или не луѓето ги паметам по мирисите(значи не сите, тие што ми оставиле веројатно силен впечаток во ноздриве), го сакам мирисот кога влегувам дома и ми мириса на убаво, топло на мојот ДОМ, посебно на зима кога надовр е смрзнувачка, а ти влегуваш дома целиот црвен да се стоплиш. Го сакам мирисот на печена пченка, печени лешници и ајвар во текот на подготовка кога се крчка на оган, а мразам да лупам пиперки да се разбереме. Го сакам мирисот на ново испраните алишта... Го сакам мирисот на кафето, посебно на турското, ама само останува на сакам, не го пијам, за мирисање убаво ми е , за пиење не. Го сакам мирисот на бензин и на кориците од нова книга, ммм.
Го сакам мирисот на дожд.- Иако не го сакам дождот како повеќето други, го скам мирисот Го сакам мирисот на свежо печени колачи.- Ме потсеќа кога бев мала и кога баба ми правеше колачи и јас гледав од печката и кога ќе беа готови за мене ќе беше првото колаче Го сакам мирисот на нова неотворена книга.- Кога ќе земам книга од библиотека или кога купувам книги за училиште ме потсеќа на есента и како доаѓа училиштето. Го сакам мирисот на трендафили.- Кога бевме мали со сестра ми киневме ливчиња и се натпреварувавме чиј лист најубаво мириса! Го сакам мирисот на канела.- Кога ги правеме колачите ми се допаѓа мирисот кога ќе го отворам пакетчето. Го сакам мирисот на свежиот ветар.- Да,да сакам свеж воздух и исто така и кога ветерот ми ја милува косата Ахх овие мириси...Лек за душата
читам повекето го сакаат мирисот на бензин на мени ми иде од него да а го сакам мирисот на утринско кафе и на сежо избањато бебенце
Јас го сакам мирисот на него,како прво А и Бондаж многу ме потсеќа на него затоа си го сакам. Го сакам мирисот на штотуку сварено кафенце,онака за мерак ми е,ама турско Го сакам мирисот на ванила,ја обожавам! Го сакам мирисот на ружи,црвенки,убавки Го сакам мирисот на свежо печено лепче,а можи и кифли и се од бели пецива Го сакам мирисот на портокалчиња,јаболчиња,љубеница,кокос,цреша... Го сакам мирисот на цимет,особено во зима,мммм Го сакам мирисот на липите кога цутат... Го сакам мирисот на Нивеа од розевиот шампон,гелот хармони тајм и прл бјути и Блек ап,ммммммммммм! Го сакам мирисот на повеќето од парфемите на Орифлејм,воедно и на мајка ми и ја прашувам одма шо се прснала
Мирисот на мојата коса и мојата кожа кога ќе излезам од езеро.Мирисот на топло турско Мирисот на земјата откако ќе престане дождот. Мирисот кога има нешто во рерната и се‘ уште не е извадено, па веќе сум гладна од самиот мирис.
го сакам мирисот на: свежо косена трева,на бензин,на пекара ,на тазе сомелено турско кафе ,мирисот на лаванда
Исто да дополнам од претходниот пост ми текна дека го сакам мирисот на ацетонот и на некои лакови... Го сакам мирисот на бекутан и посебно мојата кожа кога сум намачкана со него.. Го сакам мирисот на лукот(иако не го јадам т.е 4 години по ред свеж лук немам јадено), а сепак мирисот му го сакам... ту би контињу...
Го сакам мирисот на омиленото лабело, Росал од боровинка. Го сакам мирисот непосредно пред и после дожд. Водата испорачана директно од природата си носи нешто што продира низ мене. Го сакам мирисот на топли кифли со сирење штотуку извадени од рерната. Го сакам мирисот на пролетното расцутување на дрвата во мојот двор. Го сакам мирисот на уличните кутриња. Знам чудно звучи, но во него улицата оставила трага. Трага на спартански живот и постојана борба против околностите. Го сакам мирисот на нејзиното тело после половина час на сонце. Мирисот на потпечена кожа и инстант реакцијата со топло млеко за сончање. Исполнувачки. Го сакам мирисот на нејзиниот делумно избледен парфем утрото после вечерта. Сакам кога го ловам последниот полн здив по рацете и облеката, како да ме тера да се потрудам, да го заслужам. Го сакам мирисот на кафе, иако не сум некој кафеждер. Го сакам мирисот на свежо косена трева и напната атмосфера со друштво кога се спремаме за фудбалска пресметка.
Го сакам мирисот на мојата перница наутро, ми мириса на мене, како косата... Ама егоист сум бе. Како мала, го сакав мирисот на перницата на мајка ми. И сега, ако треба некогаш да си легнам таму, намерно не ја зимам мојата перница. Сакам да ми мириса на мајка. Има едно дрво, на патот накај дома, што има црвенушкаво розеникави цветови. Го сакам мирисот на тоа дрво, мириса прекрасно, неописливо. Секое одење дома, со КХМ, добивам такво цвеќенце. Мирисот на ветерот кога дува покрај некоја вода, било која. Било море, езеро, река... Еве, само што ги отворив ширум сите прозорци, и колку и да не е чист Вардар, кога ме дувна едно ветренце... Мирисот на лубеница. Мирисот на свежо нескафе. Печени компирчиња со морковчиња. Мирисот на домати. Нова книга, наострено моливче. Лабело од вишна. Чиста постелнина/алишта. Мирисот кога братучед ми ќе ме изгушка и потоа мирисам на бебе.
Го сакам мирисот на морето. Тој мирис на алги и сол. Не знам колку да дишам Го сакам мирисот на млеко за сонце, било која марка, ми мерише на одмор. Го сакам мирисот на прашок за прање, на ацетон и на лак за нокти. Го сакам мирисот на мало кутре, ама само ако е мое