Го сакам мирисот на секс Озбилно! Спојлер Две тела, моето сеуште со капки од туширањето, неговото благуњаво мириса на сапун, бам, експлозија, уживање, мириса на оргазам
Ете, како сум заборавила ова да го пишам. Исто така го сакам мирисот на бензин, плин, особено од запалка кога испуштам на пола чкрапалка(ако ме разбравте )
Го сакам мирисот на чисто. Кога од корен ја чистам собава, после некако совршено ми мириса. Се чисто, перено, избришано до ситница. Не знам го сакам тој мирис. Го сакам мирисот на него. Напарфемисан или не. Свежо туширан, бричен ... секаков. Си доаѓам дома и мирисам на него. Ми иде сама да си се гушнам од љубов. И нема ништо посовршено. Го сакам мирисот на мојата коса. Вака или онака, секогаш убаво ми мириса. Го сакам мирисот на пролет. Го сакам мирисот на снегот. Го сакам мирисот на мошусот. Секогаш на мојот врат, секогаш како пеперутчиња да ме лазат. Обожавам. Го сакам мирисот на свеќите од ванила. Доволно е кажано, перфекција. Го сакам мирисот на бебиња. Го сакам мирисот на тестенини. На кифчички, пици, зелник, мазник, банички, бурек ... било што, кога го прави мама. Го сакам мирисот на секое јадење што тој го готви. Просто и совршенство е мал збор. Го сакам мирисот на мојата свежо туширана кожа. Го сакам мирисот на букет свежи цвеќиња. Опоен, мил .... ммммм. Го сакам мирисот на чоколадо. Секакво, бело, црно, со лешници без чешници ... секакво. Го сакам мирисот на овошје. Лубеници, праски, души, круши, зелени јаболка ... Го сакам мирисот на пазар. Го сакам мирисот на кујна. Ресторан ... Мешавина од тон мириси ..... Го сакам мирисот на нова книга. Ау љубов. Го сакам мирисот на нешто ново дрвено додека не е прејако. Го сакам и мирисот низ цела куќа откако брат ми ќе се избања во парфем. Го сакам мирисот на купките и течните сапуни. оф, многу мириси сум сакала ... се надевам не изумив некој. А за крај ... го сакам мирисот наааа совршено црвено ВИНО.
Го сакам мирисот на книгите можеби звучи смешно, ама кога читам некоја книга, прво тоа забележувам Спојлер си се изнасмеав ама стварно можеби имам уште да надополнам, ама тоа е сега за сега
"Го сакам мирисот на новите автобуси на ЈСП!" ми мириса на кинеска продавница, на пластика и гума....мераци