На пари ... Еднаш се најдов во небрано со ова моја навлеченост на мизризот на пари . Имав пари требаше да ги дадам во банка и беа повеќе па знаете она преклопени и чекајќки ред се занесов ми беше жал да ги дадам си ги листав пред нос било забележително и туку еден момент се вртам и гледам еден дечко ме гледа чудно , повеќе збунето а уште повеќе љубопитно си рече што и е на оваа . Сега само по дома далеку од погледите ...
Го сакам, не не, го обожавам мирисот на печени костени, на влажни наталожени шарени лисја кога ќе ги превртите со вашата чизма, на ноемвриската магла каква што знае да има само еден град, на утринската роса додека мојот нос ѕенѕа од студ, на ведар сончев ден во моментот кога сонцето заоѓа, на тазе печени пиперки подготвени да се ајваросаат, на варено винце, на греана ракија...need I say more? Го сакам мирисот на есента
на еден мој парфем. на перницата кога ќе си легнам. Нешто измешано од омекнувачот на навлаката со кремот од лицето мое и шампонот од косата. на бензин. на море. на страници од стара книга. на праска. на кафе. Нес, турско, секакво. на планина и зимзелени дрва. Па и снег на ова. на кригла пиво. на оган во оние старите ѕидани печки. на сутлијаш со цимет. на 40 години стар клавир кога ќе го дигнам капакот. на еден чај од градинка за кој уште не сум сигурна што беше. на надеж. на него.
Го сакам мирисот на топлиот мармалад, додека мајка ми со него ги мачка чајните колачиња.... А надвор снег.
Го сакам мирисот на - вино - ленор омекшивачот-обожавам алиштата кога ми мирисаат на него - чоколадо - ванила - ми ги буди сетилата - дождот - се повеќе го засакувам најубавите моменти ми се случиле за дожд - есента,лисјата - липите - мирисот на внук ми - бекутан -цвеќињата во пролет -на убаво зготвено јадење
Го сакам мирисот на: -зимо,ладно,свежо -на бебенце -на чиста постелнина -мирисот на мојот дом -мирисот на нови книги -мирсиот на боровинка(гелови и лосиони за тело) -мирисот на дечко ми.....................
Го сакам мирисот на : ♥ Бекутан -крем за лице ♥ Нова книга ♥ Пари ♥ Лак за коса ♥ Пена за коса ♥ Бензин ♥ Јоргован ♥ Парфемот Пулс на Бијонсе ♥ Шампони и лосиони од ванила ♥ Боровинка ♥ Блек ап (крем за сончање) уф...