... на коректор. Имав еден на времето коректор со мирис на јаболко и не го испуштав од раце. Мирисот на Милка, тазе испрани навлаки/ќебиња и сл. и машки парфеми.
Мирисот на есента, дождот.. Мирисот на едно неделно утро - кога сите сме дома, а во рерната се готви омиленото јадење. Мирисот на свежо испечени колачиња, мирисот на мојата дома, моето катче.. Мирисот на млекото за тело од бадеми и кокосов путер - ме усреќува. Мирисот и на пролетта, на липите кои што во изобилство ги има пред мојата зграда, на јоргованот кој што во изобилство го има во дворот на баба ми. Го сакам и мирисот на неговиот парфем.. Ме опива.
Ахх...го сакам мирсот на момчето што седит во клупата позади мене Хахаха шала настрана. Го сакам мирисот на : Дожд во пролет Свежо косена трева Машки парфем Коректор Нови Книги
Го сакам мирисот на антикварниците, старите книги кои ми ја будат љубопитноста. Го сакам мирисот на липите во топло пролетно утро. Мирисот на Black up за време лето. Ми буди сеќавања за старото, и создава нови со она кое се случува. Го сакам мирисот на бензин и мирисот на топло чајче во ладен зимски ден. Го сакам мирисот на свежо мелено кафе, она кое ме потсетува како кога бев мала ги душкав хартиените паковања. Го сакам мирисот кој асоцира чистота, мирот кој тој ми го нуди, свежината која владее наоколу. Го сакам мирисот на дечко ми кој го мирисам некаде околу мене после секој пат откако ќе се видиме. Така ненадејно, неочекувано. Го сакам мирисот на море, проследен со бранови во летна вечер. Нај на крај го сакам мирисот на ајвар, пиперки на скара, зимница. Ми го наговестуваат многу јадење во следните месеци.
Го сакам мирисот на Лаванда,миризливо каранфилче,на земјата после дожд,на косена трева,на цимет,на ванила,на зелен чај... На јоргован,на чисти прекривки,на неколку скапи парфемчиња што си ги имам. Исто и мирисот на палачинки
Го сакам мирисот на пролета го сакам мирисот на тревата го сакам мирисот на неговото тело го сакам мирисот на дождот
Јас го сакам мирисот на: - свежо косена трева - креми за сончање на лето! мммм - питите на мајка ми! највкусно нешто - Antonio Banderas - Blue Seduction за жени! Сестра ми го има, цело време и ги душкам стварите и обожавам кога сум во нејзината соба, зашто се на тој парфем ми мириса - бебиња! - цимет А го обожавам мирисот на: - СНЕГ!!!! - Борова шума - Парфемите на татко ми! Обожавам машки парфеми!
кога поминувам сабајле покрај Жужу мирис на свежо печени лиснати,пици,кифлички ммм.... го обожавам мирисот од машки парфеми, дожд, море, и липа...
На цимет и ванила, се потсетувам на едни колачиња што ги правевме кога бев помала. На машки парфеми, посебно Нивеа, Адидас и Стрејт, да имав, нон-стоп таков ќе носев, иако е за машки. Снег, дожд и изгниени лисја од дрвјата во есен. Свежо испечени пецива и мелено кафе. Стари книги. Бензин и УФО лепак. Најмногу од се го сакам мирисот на море, ме потсеќа на лето и свежина. Посебно кога има силен ветер, обожавам да седам на плажа и да уживам во мирисот на морската сол и брановите кои удираат од камењата.
Мирисот на липата и печените пиперки.... мирисот на печената пченка и косената трева , најубави мириси што постојат....колку многу овие мириси ме потсеќаат на детството .... еххх
Го сакам мирисот на чоколадото, на печено месо, на летен дожд, на пресно окосена трева, на бебе, на цвекињата, на подрум полн со зимнина и буре со вино, на ... ДОМА, на тамјан, на црква, благо какао, на мојата перница
Го сакам мирисот на дожд, на колачите на мама, на нова книига, на Ленор, на црвен сол, на заболекар, на кафе, на јоргован, на мама, на бензин, на море, на ништо-чист возух, на polar ice - гел за масирање, на топло чоколадо, на чај, на трева, на шума, на природа...
Го сакам мирисот на: - какао со цимет - не земјата после летен дожд, - свежи печурки - на кожата после мачкање со мелко од косок и лимон, - на печени пиперки, - на оние страите кармини кои од зелени стануваа црвени, - печени костени, - на свежо утро.