- на нова книга, - на утро во лето и плажа, - на убаво јадење а посебно на печени кифлички, - камин или печка на огин во зима, - утринско кафе
Љубеница, краставица особено на пролет и пресно кромидче знак на полет убавини живот надеж ах пролет пролет иди побрзо
На Дома. Тој единствен мирис, микс на луѓето што спијат, јадат, творат, љубат, во него. На нови книги - едвај чекам да ги вдишам и крцнам. А и на стари, ме враќаат во првите приказни, препрочитувања. - топол печен леб, печени пиперки, колач со цимет, костенчиња што пукаат на рингла, зелник, пржени компирчиња, гравче! - лето заробено во кришка лубеница - селско косено сено, во него скриени детелини и воздишки. - море, мрсна кожа со мирис на кокос и љубов - Скопје после дожд, кога липите бујат, асфалтот испарува, животот се буди. - свежо кафе наутро и мирис на весник - заедничко будење, после водење љубов и гушкање цееела ноќ - свежина од балконите кога расцутуваат петунии и се нишкаат тазе испрани алишта - скара во природа и чадот што навестува добар оброк - гушкањето со другарките. Секоја од нив ми носи различен мирис. На близина и 11 години верност. - перниците на мама и тато во спална - старо дрво, одаите во село кај баба ми го држат тој специфичен мирис, на зачувано време, чај берен од планина, печурки и пченка. - бебе. И човек, и маче, бебешкиот мирис ми буди примордијално сеќавање, на мајчинство, млеко, основа. - мирис на студ. Кога доаѓа зима, и хууу-то надвор, мириса на портокал, вино, сеќавања. - мирисот на Љубовта, најчесто заробена во стари албуми. Кога ги отворам, мириса на тоа... (to be continued)
Го сакам мирисот на бебе Го сакам мирисот на пролетта Го сакам мирисот на снегот Го сакам мирисот на љубовта
Еј го сакам оној мирис кога ќе почне грејната сезона и јас измрзната од надвор влегувам дома и има парно, ах прекрасно ми мириса радијаторите што 5-6 месеци биле ладни сега се затоплени и испуштаат мирис не само топлина Мирис на топло ако не верувате дојдете кај мене да видите моето парно греење така мириса
...Ајвар. Ме потсеќа на зима. И на петарди, секогаш кога ми мириса на петарди викам: „ми мириса на Нова Година.“
-На море -на цимет -на ванила -на дечко ми -на нова книга -на бензин -на бебе итн..........................
Hа печени пиперки,ме потсека на летните денови дома,кога се каравме кој ке пече пиперки,а кој ке лупи Hа турско кафе,едноставно го обожавам,така од сабајлечки си седнуваш и си пиеш
Го сакам мирисот на -море и плажа -чоколадо -ванила -пица -мирисот на снегот -скопските липи -нес кафе -мирист на моите најомилени парфеми......
*јаболка и цимет *пачули *сандал (sandal wood) *лубеница *мента (нане) и лимон *снег *мирисот на пролет. Она дрво кое цути во розови цветови (незнам како се викаше) и шири ошеметувачка арома *инсенти - Nag Champa
Го сакам мирисот на машки парфем и чувството кога поминувам покрај некој намирисан со таков парфем или кога во воздух се чувствува таквиот парфем.