Го сакам мирисот на море .. Почетокот на зима ладен воздух и печени костени.. Мандаринии...Цимет..Чај од нане... Го сакам мирисот кога ке влезам дома кај мама секогаш мириса на чисто и свежо на најубавиот омекшивач... И го сакам мирисот на чорапите на мм кога ке се врати од работа...
мирисот кога навивам, у први редови со Кумани. мирисот на почетокот на зимата, мирисот на липите измиени од летен дожд. Го сакам мирисот на морето, на печениот, домашен леб, мирисот на мојот врат и за крај мирисот на еден special парфем.
Мирисот на Цимет, на Јаготки, мирисот на морето, на топлата баничка со месо (посебно кога сум многу гладна) на вишните ....
На зима,на лубеница,мирисот кога нешто се пече во рерна,на море......................................
Го сакам мирисот на бензин,на гума,ацетон,лак,боја што се суши,течен лепак.. и кибритчињана кога ќе се запалат..ммм..наркоманка права сум
На свежо излупен портокал. На мирисот на солено море. На штотуку паднат снег. На свежо испечени канели. Мирисот на нејзе. На старата фурна на баба. На погача со сирење. На продавници со стари предмети. Мирисот на стара книга.
Го сакам мирисот на бензин,коректор,лепак,лак за нокти,боја,тазе испечатено списание,кинеска гума(највеќе кога ќе отвориш кутија старки),сакам мирис на пица,лазања,скара и убав женски парфем.