Го сакам мирисот на бебчињата...секогаш убаво мирисаат Го сакам мирисот на тазе мелено кафе.. Го сакам мирисот на ванила.. Мирисот на лубеница... Мирисот на утрото после врнењето снег..
На цимет , лаванда , снег , улје за сончање caroten, кокос ,милка , на мајка ми мирисот на чисто, на испрани алишта врз парно , на кафее посебно,ехеее има уште....
На син ми и ќерка ми. Со мирисот на маж ми се будам и легнувам. На цимет,ванила и штрудла од јаболка во зима. Во лето мирисот на море и млеко за сончање. И мирисот на Плазма бисквити потопени во млеко.
Пред некој ден го правев муабетов со еден другар...едноставно прашање му поставив,кој мирис ти е омилен и не можам ни да претпоставам кој муабет се разврза од прашањево... И после само ме погледна со носталгични очи и ми рече ти благодарам што ме потсети и те молам потсетувај ме почесто и ме изгушка! Па ко поука од се ова...веројатно сакам мириси на спомени. Онака,нефилософски,туку ко чиста вистина...
Го сакам мирисот на: - потпечена јаболка, - колачиња со џинџер, - штотуку испржени ќебапчиња низ чаршија, - мекици, - свежо испрани алишта, - зимата, - дождот измешан со прашина, - мирисот на кафе во една продавница во Лунд, - среден стокмен маж со мирис на некој добар парфем ммм, - мирисот на стари плочи, - бекутан.
- Печена тиква - Весник (најголема глупост ми е весник на интернет) - мокра мачка - чиста постелнина - станот на баба ми