го сакам мирисот на нашата спална соба, мирисот на новокупена книга, на кари... на ориентална кујна... мирисот на печен леб, мирисот на чај сакам да го дишам воздухот после дожд, и мирисот на море.
...цимет...јоргован, свежо искосена трева, море, летен дожд, мелено кафе, домашни колачиња и кифлички, бебе, морско оревче, темјан...
Го сакам мирисот на кафе... Го сакам Неговиот мирис. Го сакам мирисот на липите во јуни, го сакам мирисот на лак и лепак ...Го сакам мирисот на море и млеко за сончање од кокос
Бензин, Свежо искосена трева, Машки парфеми , приготвување на торти,колачи и се останато што спаѓа во таа категорија.
го сакам мирисот на море го сакам мирисот на лаванда, на свежо избањато тело, на нане и мајчина душица. Го сакам мирисот на пекара го сакам мирисот и на бензин или плин, на охо лепак го сакам мирисот на пролетниот дожд ...........
Го обожавам мирисот на лаванда !!! Го сакам мирисот на првото утринско кафе и на гооолеми водени површини
*Го сакам мирисот на "неговата" перница *Го сакам мирисот на ванила *Го сакам мирисот на рана пролет *Го сакам мирисот на топлото кафенце *Го сакам мирисот на "Ricci Ricci"
...првото утринско кафе. Турско, со лажичка шеќер. И мирисот на мелено кафе. Порано мајка ми ме праќаше да купам по 150 гр. и кога се качував по скалите накај дома со носот залепен за ќесето, цел влез мирисаше на кафе. ...неговата кожа. Мириса на страст. Затоа знам да се залепам за него и да го угушам од гушкање. ...кифлите на мајка ми, експерт е жената. Цела соба ми се замирисува од печено тесто и паѓам во делириум. ...блек-ап. Веќе имам кажано, ама еве пак, ми мириса на лето и на спомени. Го сакам и мирисот на изгорено кибритче, нова книга, јоргован, цимет, парфемот на Кајли, омекшивачот на сестра ми, тазе ајвар, пуканки....
...дуњи. Го обожавам мирисот на дуњи, дедо ми има во дворот, ги береме и пред да ги направам џем или да се најдат во некој колач ги оставам на послужавник над микрото. Уф како ми мириса кујната.
Го сакам мирисот на... - свеж воздух што го има кај баба ми во село - палачинки или пица кога ќе стигне кај мене до соба - се што е негово (без чорапите ), а посебно сакам кога неговиот мирис го осеќам дури и кога ќе си легнам - планински чај со мед - ситен дождец во лето - пекарите кога ќе поминам покрај нив, посебно кога сум гладна - свежо косена трева - гратските автобуси во вторник и петок, уф мераци!
Мирисот за мене претставува еден магичен клуч кој отвара некои дамнешни слики, спомени, сеќавања. Колку пати сум се сетила на некоја случка само мирисајќи нечиј парфем кој ме потсетил на личноста со која сум била таа ноќ, на се` што се случило тогаш, наеднаш ми се враќаат слики- некогаш добри, некогаш не. Таквите мириси кои ми будат негативни мириси се трудам да ги одбегнувам. Ама затоа ги сакам оние мириси кои ме инспирираат и ми будат насмевка на лицето- како мирисот на расцутениот јаргован кој просто те тера да накршиш неколку гранчиња и да ја донесеш пролетта (или да кажам летото) и во твојот дом. Мирисот на јоргованот секогаш ме расположува, ми дава некој внатрешен мир и надеж дека доаѓаат убави периоди. Го сакам мирисот после дождот, секогаш носи некоја свежина... Го сакам и мирисот на Блек Ап- го вртам капачето, мирисам и за миг сум на некоја плажа и гледам како се пенеат брановите, додека гулабите се обидуваат да најдат некоја риба. А за мирисот на печени пиперки, а потоа и на ајварот додека се пржи зарем треба да се зборува? Тоа е мирис кој потсетува на семејна идила, слика на семејството кое на купче ги лупи пиперките- паѓаат шеги, па и по некоја кавга, и на крај сите макаат од тавата со лепче и јадат сиренце, а јас пресреќна носам уште леб, ги засмејувам и тајно се заблагодарувам на Бога за ваквите мигови. Го сакам и мирисот на книгите- ама на оние старите, со тврда корица, со жолти страни Ја отварам, мирисам и помислувам уште колку раце ја држеле, кој се ја читал, и среќна сум што има толку многу историја, што поминале толку многу години додека да стаса до мене. Го сакам и мирисот на печени кифлички, и кафе, и сите оние мириси на јадења кои ме потсеќаат на убави среќни мигови со семејството, мириси кои не` собираат сите заедно, кои не сплотуваат. Го сакам и мирисот на оригиналниот шампон од бреза- ја тргнувам крпата од глава, ја пуштам косата на слобода и тогаш ми текнува на еден парфем, и на прекрасната девојка која го носеше, и уживањето со неа. А мирисот на Косили купка, зарем можам да го заборавам тој мирис кој што ме потсеќа на детството ? И ден денес знам да си купам купка и онака да се сеќавам кога мајка ми ме капеше а јас се мислев толку возрасна. За мене мирисите се многу важни, ги доживувам како една временска машина која ме враќа во минатото, кон некои убави слики, и затоа толку многу им се радувам.
Го сакам мирисот на неговиот парфем Го сакам мирисот на летен дожд Го сакам мирисот на нова, чиста постелнина Го сакам мирисот на море Го сакам мирисот на миризливите свеќи во мојата соба