Го сакам мирисот на пролетта но за жал сум алергична па не можам многу да уживам во него Инаку го сакам мирисот на: -Зумбули -Ванила -Чоколадо -Море -Јорговани
Секој период си има свои специфични мириси... Мирисот на ванила кој се шири низ цела куќа, дали од етерични масла, миризливи стапчиња или свеќи... во зима. мирисот на топло чоколадо... уживам во секоја голтка во ладните зимски денови, ноќи. мирисот на портокали... ми го подобрува расположението и ми дава енергија. мирисот на свежо пролетно цвеќе, на трева и зеленила по патеката за шетање покрај езеро...секоја пролет, додека пешачам или возам ролери. мирисот на кремите и маслата за сончање, особено тие со мирис на кокос...сакам лето, сончање, тие ме потсеќаат на лето и плажи. И во склоп на летото, го сакам незамисливо мирисот на парфемот davidoff-coоl water за жени или мн сличен на него Nautica-Bermuda Blue... неодоливи.
Го сакам мирисот на многу нешта, ноо сепак ме мрзи да пишувам толку.. Го сакам мирисот на пролет, онакааа кога се е зелено, цвеќињаа.. најубаво! Го сакам мирисот на јадењето што ми е омилено кога се готвиии. Го сакам мирисот на парфемот што го користам. Го сакам мирисот на лакот за нокти. итн итн итн.
Го сакам: - мирисот на свежо косена трева - мирисот на утрото после дождлива ноќ - мирисот на чиста, избањата кожа, без лусиони и парфеми - мирисот на нова, штотуку купена книга - мирисот на секое зготвено јадење итн...