Има повеќе, во моментов ми текна на * Липа * Какао (и покрај тоа што не пијам, многу убаво ми мириса ) * Лак за нокти, ацетон, коректор... * Мирисот на морето итн.
Имам пишано овде, ама да си се надополнам. Го сакам мирисот на Нас. После заедничко спиење. Тие наши гушкања, милувања, делење простор, мирисаат најубаво, љубовно. Мирисот на кари, во убав сос. Косена трева и камилица во неа. Џем, додека е топол, од сливи - ми мириса на детство. Мерима сапунчето. Лаванда. Карамел. Колач со цимет и јаболка што испарува во кујна. Печено мевце. Дожд после тмурен ден. Тазе перени алишта. Мирис на стари книги, дрвен накит. На море, алги, чистота. Мирис на Животот!
...го сакам мирисот на пролет. Она единствено чувство кога времето е сончево,секој цвет е расцветан,замижуваш,вдишуваш и мириса на...топлина.
Добар машки парфем, како тоа нешто што може да ми смени расположение и став во моментот ништо! Дефинитивно слаба точка ...
Мирисот на кајсија, првите цветови во пролет. Мирисот на тазе сварено кафе, мирисот на летен дожд. Мирисот на воздухот, ноќ, пред да падне првиот снег. Мирисот на диња, слатка, сочна. Мирисот на пролет, расцветувањето, зеленилото. Мирисот на бебе. Мирисот на неговата кожа. Мирисот на морето, првиот ден од одмор.... и уште многу многу мириси
Во моментов прво на ум што ми доаѓа е мирисот на свежа краставица! Значи поосвежителен мирис за мене од тој нема! И ме потсеќа на пролет, на чисто, на вода, на убаво, на домашен неделен ручек!!! Не знам дали сум луда, ама мирисот на краставица ми ги отвара сите можни сетила! Ај лав краставици! Спојлер Не за безобразни работи! Мирисот и вкусот!
Хммм, го сакам мирисот на тазе сомелено кафенце, го сакам мирисот на кифличките на баба, го сакам мирисот на костените што ги печат на градскиот плоштад и улица македонија, го сакам мирисот на циметот во топла чаша млекце, го сакам мирисот на книгите, на старите книги кои ги продаваат по антикварниците и на оние штандовите по плоштадот... Ах, го сакам мирисот на пролетта, на липите, на се што цвета и зеленее. Го сакам мирисот на свежо косената трева во паркчето во маало. Го сакам мирисот на Скопјево!
Го сакам мирисот на: -топло чоколадо -свежо искосена трева -ванила -нови книги -бензин -ацетон -цимет