Го обожавам мирисот на ванила,на млекото за сончање,на печени кифлички,на тазе мелено кафе,на цвеќиња и на Playboy-Play it rock
Свежо искосена трева Бензин Лак за нокти/ацетон Млеко за сончање Givenchy Very Irresistible Bulgary Omnia Crystalline Свежо испрани алишта Тазе колач со вишни Кожата на дечко ми Пролетен/летен дождец
Го сакам мирисот на расцветани багреми,на борова шума,на колачиња кои се печат во шпоретот,на расцветани јорговани,бензин ,млеко за сончање,на тазе мелено кафе,на цвеќиња (особено мирисот на зумбул)...
Го сакам мирисот на свежо косена трева, на расцветани липи, мирисот на дожд. Го сакам мирисот на море, мирисот на планина. Го сакам мирисот на мошус и на ванила. Го сакам мирисот на печен леб и печени колачиња. Мирисот на нови книги и нова облека. Мирисот на кал и трева пред голот
..највкусните јадења на мама,мирисот на палачинки,тестенини,пилешко на жар..МИРИСОТ НА СИТЕ МОИ ОМИЛЕНИ ЈАДЕЊА. Го сакам мирисот на земјата по дождот,мирисот на Водно,мирисот на пролетта,мирисот на розата..МИРИСОТ НА ПРИРОДАТА. Мирисот на малини,јагоди и диња ме опива,потоа мирисот на ванила,чоколадо,кокос..мирисот на НЕСКАФЕ..ммм ...........
Мошус.Делува женствено, секси и мистично. На кафе, штотуку сомелено. На мојот лосион од ванила. На кокос. На море. На мед и млеко. На свежо нане изгмечено во прстите. На чај од мајчина душичка. На цимет.