На неговото тело,коса. На раната пролет,првите расцутени дрвја. Јоргованот. Млекото за сончање. Плажите,езерото. Пекарите. Бензинот. Печено мевце,скара.
Мирисот, кога татко ми става нафта во колата. На чиста постела. На книгите кога ги виткам у хартија. (иако не сум љубител на книги) Спојлер И не го сакам мирисот на парфем, онака ставен, за да се покрие пот. Туку го сакам мирисот, кога сум свежо бањата. Иии.. не ми текнува нешто друго моментално.
Го сакам мирисот на раната пролет, мирисот на млеко за сончање, мирисот на дождот, мирисот на убав машки парфем, мирисот на омекнувачот за алишта...
Го сакам мирисот на првите липи. Го сакам мирисот на асфалтот после дожд. Ете парадокс, да си алергичен на прашина а да сакаш да ја мирисаш. Бар од овој не кивам Го сакам мирисот на кафе, кога се вари и кога цела кујна ќе замириса на кафе, убаво црно кафе. Го сакам мирисот на мојата кожа, таму кај рамениците. Интересно е што никогаш, ама никогаш не мирисаат на лосионот што сум го ставила, туку си имаат свој, необичен мирис. Го сакам мирисот на Вардар. Иако таму може да се најде скелет од коњ, екран од телевизор, школка од фичо и мноогу гомненца, мене Вардар ми мириса на школки. И ми предизвикува убаво чувство таа нечистотија. Мирисот на штотуку испечен бурек. Кога поминувам на Јаја Паша, кај маалската фурна Чаир, ми иде да влезам и све да им изедам. Ме потсеќа на детството, кога баба ми не носеше мене и братучед ми секое утро на бурек.
Го сакам мирисот пролетта, мирисот на есента и жолтите лисја, го сакам мирисот на бебиња, мирисот на лосион, на кафе, на пролетен дожд, на книги.
Го сакам м м мирисот на Пржени компирчиња... ммммххммм АЈде бе сестричке моја убава, на дада ти и се ручка
Го сакам мирисот на макарони со сирење во рерна... Го сакам мирисот на непресечена роза... Го сакам мирисот на неговата гола кожа... Го сакам мирисот на пресечена лубеница... Го сакам мирисот на мама... Го сакам мирисот на мојата перница... Го сакам мирисот на морето кога има бранови. Го сакам мирисот на ноќ... Горе на Водно. Сакам кога ми мириса на мојот дом. И уф колку страсно го сакам мириост на неговиот кревет!
Мирисот на свежо кафе Мирисот на ванила, чоколадо и карамела Мирисот на пуканки Мирисот на пица Мирисот на помфрит Мирисот на портокал Мирисот на море , на плажа, на блек ап млеко за сончање Мирисот на дожд итн...
Го сакам мирисот на пролетна вечер. Знаете, ми буди некои ноти на заљубеност и немир во срцето. Ми треперат носете, се чувствувам убаво. Кога секој ден би бил таков животот би ми бил совршен! Да живее мирисот на пролетната вечер
Мириси... Јас мирисам се што ми доаѓа во раце и се што е во моја близина. Ако нешто не мириса убаво колку и да изгледа совршено нема да го јадам или да го допрам итн. Го сакам мирисот на мојата чиста постелнина. Го сакам мирисот на книгите, списанијата, дневните вестици (свежо испечатена хартија), но и на оние стари книги со пожолтени страници. Го сакам мирисот на дождот и мирисот на летото, односно, оној помешан мирис на море, фактор за сунчање... Го сакам мирисот на топло кафе рано наутро до мојот кревет. Го сакам мирисот на топол чај на - 20 степени на скалите од факултетот пред да влезам на првиот час. Го сакам мирисот на убаво јадење (многу се да не набројувам) Го сакам мирисот на вино, водка со сок од ананас и рум. Го обожавам мирисот на ананас и на љубеница. Го сакам мирисот на незапалена цигара. Го сакам мирисот на бебе. Го сакам мирисот на бензин. Го сакам мирисот на мастило. Го сакам мирисот на лак за нокти. Го сакам мирисот на нова облека. Го сакам мирисот на лепило. Но, најмногу од се сакам кога ќе почувствувам мирис од убав машки парфем, а го осекам дури и на неколку метри далечина.
Го сакам мирисот на неотворените книги. Го сакам мирисот на бензин. Го сакам мирисот на кафе. Го сакам мирисот на него
Го сакам мирисот на свежо искосена трева. Го сакам мирисот на свежо овошје. Го сакам мирисот на чоколадото. Го сакам мирисот на домашните пецива на мајка ми. Го сакам мирисот на дождот. Го сакам мирисот на пролетта. Го сакам мирисот на песок. Го сакам мирисот на трендафилот. Го сакам мирисот на снегот. Го сакам мирисот на книгите. Го сакам мирисот на септември. Го сакам мирисот на Охридските крофнички. Го сакам мирисот на животот.