Цимет, кафе, свежо косена трева, лаванда, камилица, нане, ванила, расцветани дрвја, хартија - особено вртење на страниците на нова, неотворена книга, асфалтот после дожд.... И уште многу други недефинирани мириси на некое рандом место, во некој рандом момент што ме развеселуваат, расположуваат, ме опиваат со нивната поетичност, за дел од секунда ми го преобратуваат денот и се толку инспиративни што прават да изнапишам еден цел роман во главата за неколку минути. Ги сакам таквите мириси, кои сами по себе претставуваат вкус, звук и боја. Особено оние што не знам од каде доаѓаат, ниту пак како да ги опишам. Тие се најубавите.
на асфалт по дожд на цимет на плин на тазе варосано на омекшивач на пролет на лето на снег на сите убави јадења на лепак и на мноооогу други нешта.....
Го сакам мирисот, кој секоја вечер ме обзема, кога ќе ја облечам неговата MTV блуза... Го сакам миристо на капучиното кое ми го приготвува сестра ми секое утро, за добар почеток на денот.
Дефинитивно омилени ми се: мирисот на свежо, тукушто мелено кафе и на скоро сите машки парфеми. А потоа следат и мирисот на топол печен леб, мирисот на есен и пролет, мирисот на свеж воздух, оној кој веке го немаме низ градовите ама на планините да, мирисот на мали бебиња, мирисот на топли кифлички поточно на потпечениот сусам на истите.
На краставица, најмногу. Потоа на кафе (турско, мелено), на портокал,на ванила,на кокос и на бензин. Го љубам и мирисот на алиштата штотуку испрани со плавиот Ленор, на крофните од Влае, на печените кикирики пред Зелен Пазар и на се што мириса (или потсеќа) на чунга лунга