Го сакам мирисот на дожд мирисот на бебе мирисот на свежо косена трева мирисот на липа мирисот на пролет мирисот на свежи и чисти постелини
Го сакам мирисот на Јакобс Го сакам мирисот на бекутан Го сакам мирисот кога ќе излезам надвор после дожд Го сакам мирисот на омилениот омекнувач Softly
Го сакам мирисот на летна ноќ x) сериозно секое лето седам до доцна на тераса..многу ми е убаво ми,мириса убаво и се чуствувам спокојно и опуштено
Додека шетам навечер на пролет го обожавам мирисот на анамска рака. Тоа е ова цвеќе што расте во оградите.
Неговиот мирис! а уште повеќе го сакам кога ќе го почувствувам околу мене, Спојлер уште колку ќе чекам за тоа?
Мирисот на моето маало во мај и јуни на пролетен дожд на лосионите за сончање кои ме потсетуваат на плажа на најубавите расцветани липи и го обожавам мирисот на мама
Мирисот на липите кога цветаат Мирисот на кожата на мм и кога ќе стави парфемче мх мх Мирисот на тазе исперена постелнина (од омекшивачот) Мирисот на пролет Мирисот на кафето Мирисот на некое омилено јадење кога се крчка Мирисот на ванила (мојот крем за тело) Мирисот на боја, лепак, ацетон и лак
Го сакам мирисот на борова шума, портокали, јагоди, тазе испечен леб, нова книга, на чај од липа и на мојата коса откако ќе ја измијам и исушам .