Мирисот на јагоди и цреши Мирисот на пролет Мирисот на дечко ми (кој ме враќа наназад низ поминатите мигови)
го сакам мирисот на пролет,исто и мирисот на липа...го сакам и мирисот на млеко кога се варе,ме потсеќа кога бев помала...ме враќа во минатотo
Сакам многу мириси, но најмногу го сакам мирисот на моето тело кога сум возбудена. Звучи чудно но навистина е така, го обожаам мирисот на моето тело кога сум испотена со возбуда, страст. Исто така и кај другите луге обожувам да го почувствуам мирисот на возбуда кој се шири наоколу кога една особа е возбудена. Инако од „обичниве“ мириси го сакам мирисот на пролета, мирисот на каранфилот......
...свежо искосена трева, чиста постелнина, тукушто измиена коса, испрана облека, дечко ми кога ќе го гушнам, липите во пролет, омиленото јадење, утринското кафе, дождот во лето...
На море, плажа, на липите, на чоколадо, на кафе, мирисот на еден мој спреј за коса од арганово масло, заљубена сум во него, мирисот на страниците од стари книги, на какаото.
Пред да заврне мириса некако чудно..мириса дека ќе заврне е тој мирис ми е убав,а мирисо шо излава од бамби е нешо неверојатно мммм да ти се пријаде ....
Морееее Мирисот на дечко ми.. знам, клише. Кокос Ванила Зумбулчиња Мирисот на мајка ми.. ми дава чувство на неопишлив спокој и мир.
Го сакам мирисот на морето, свежо искосената трева, мирисот на омекшувачот за алишта, потоа мирисот на геловите и млеката за туширање, мирисот на нова книга, мирисот на пица, мирисот на лакот за нокти и така натаму