Мирисот на мошус, на некој луксузен парфем, на свежо измиена коса, на колачиња, на оние убавите мирисливи свеќи..
Го сакам мирисот на него во студениве декемвриски денови, мирисот на топло чоколадо со цимет, и колачињата на баба.
Јас го сакам мирисот на -РАСПУСТ! Бидејќи поубав мирис од ова нема -нема книги,тестови,испити,домашни,наставници,туку само уживање,море,плажа,сонце.....
На машки парфем, лаванда, дожд, бензин, кафе, чоколадо, снег, чај од шумски плодови, портокал, кокос, лубеница, јоргован, лак и др.
пред се мирисот на дечкоми ммммхм нешто што ме излудува мирисот на лаванда на мошус на ванила црниот ленор
Го сакам мирисот на пролетниот ден,го сакам мирисот на морето,мирис на чиста постелнина,го сакам мирисот на зимата кога го осеќам ми иди да се пикнам под кебенце и така да ги пречекам и испратам овие 3-4 месеци ... Го сакам мирисот на свежо измелено кафе,мирисот на чкорче кога се пали,мирисот на бензин,свежа мрсна боја,лепило УФО,мирисот на јагоди,мирисот на свежо пржена пченка,мирисот на печени кочани!
Незнам дали ви текнува на оние цветчиња од кои листови баравме ''мед'' како мали... Тие цветчиња ми мирисаат совршено..ГО САКАМ НИВНИОТ МИРИС
Го саакам мирисот на ванила, вишна, мирисот на бели пецива, мирисот после пукнатите петарди, мирисот на кокос.
Кафе, цимет, мирисот кога се печат колачиња, во зима мисрисот на чист зимски оздух, во пролет мирисот на пролета, мирис на портокал....
Го сакам мирисот на палачинки,мирисот на рана пролет,расцутени дрвја,цветови,мирисот на јоргован......