Го сакам мирисот на свежо косена трева, мирисот на рана пролет, мирисот на море, мирисот на нова книга.
...стара хартија. Не знам, некако имам некое носталгично чувство кога ќе го почувствувам мирисот на некоја стара хартија (средното име ми е Носталгија). Не знам зошто но многу сакам стари, пожолтени книги. По можност со „печат“ од чаша на корицата. Потоа, пица. Навистина, кој не сака пица? Кремишта (да, кремишта) за сончање. Онака...Прво, убаво мирисаат. Второ, ме потсеќаат на лето, море и останатите нешта од тој вид. Понекогаш знам во есен или зима да се намачкам со нешто такво, колку убаво да ми мирисаат рацете.
Го сакам мирисот на бензин Го сакам мирисот на роза Го сакам мирисот на чипс Го сакам мирисот на машки парфем Го сакам мирисот на кокос Го сакам мирисот на мелено кафе Го сакам мирисот на скара Го сакам мирисот на јоргован Го сакам мирисот на омекнувач Го сакам мирисот на млеко за сончање .. и другоо