утринско кафе; убавата ,крцкава пирошка; мојата омилена чоколада; застарена книга бензин; коректор; машки парфем;
- Бензин -Нафталин -Коректор -Лак за нокти -Ацетон -Дожд -Косена трева -Свежо мелено кафе -Море, езеро..
крем за сончање!Како целото лето ,сето сонцето,мирисот на соленото море,или ладната вода и Охридското езеро да се собрани во тоа шишенце !
На Вардар. Кога ќе седнеш на кеј, на скаличките до Камени мост и осеќаш како мириса на море. Всушност тоа е мирисот на реката, ама едноставно во тој момент се чини како да си на пристаниште во Солун. На липите во Дебар Маало во доцна пролет. Кога ќе дувне малку ветер и кога ти се чини дека почињаш да одиш по невидиливи скали од облаци, некаде нагоре, накај рајот. . Мирисот на нејзината кожа наутро, веднаш после спиење. Да си легнеш и само да си постоиш така, легнат на нејзини гради.