Мирисот на мама Мирисот на горен шеќер Мирисот на бензин Мирисот на барут Мирисот на крема за сончање Мирисот на тазе наврнат асфалт 85% од машките парфеми Мирисот на рана есен
мирисот на воздухот откако ќе завре дожд,на бензин,на кремот против горење на сонце од becutan, мирисот на ружи...
Го сакам мирисот на -искосена трева, кој што се ,,коси,, со мирисот на бензин на среде Скопје -свежо сварено кафе, ме асоцира на 20 минути мир -омекнувач Ленор Релакс -сапунот во тоалетот, знам дека е чисто -мирисот на децата, знам дека се МОИ
Кафе, кокос, ванила, цимет... Секако и мирисот на тукушто зготвено јадење кое сум го чекала долго. Исто така мирис на дожд, искосена трева, рози...
Мирисот на дом и топлина, ванила, зима, тукушто испечено лебче или пита, бебешки мирис, мирис на море и плажа, мирис на утринско турско кафе со малку шеќер, мирисот на се што е млечно.
Има многу .. - бензин, ацетон, коректор,на зима, на печени костени, на боја за фарбање, на нови списанија,книги.. мирисот на плажа, на оган и чад, на чај од липа, мирисот на него, на жежок асфалт, на омекнувачи за облека, на средството Вики за чистење, на машкиот One Million..и други јаки парфеми...има и друго знам..ама не ми текнува во моментов
Миросот на бензин, на него, неговиот парфем, мирисот на се што е од Victoria's Sicret, мирисот на алкохол, плажа, на кафе
Го обожавам мирисот на моето куче. Звучи чудно но откога прв пат ја видов (осносно мириснав) тој мирис ми е омилен.
Мирисот на Џеки (кученцето мое), мирисот на какао, сутлијаш, чајот од јаболка и цимет, омекнувачот на мајка ми, косата на дечко ми, мирисот кога некој од зградата отспротива пржи риби и стига до нашата тераса , мирисот на печени костени, мирисот на кебињата и перницата кога ќе си легнам после напорен ден, мирисот на јадењето кое се намачив да го зготвам, мирисот на колачиња испратени од дома, мирисот на штотуку извадени кифлички од рерна...
Бензин, лепило, нафта, лак за нокти, боја, мирисот на мм, ванила, кокос, на плажа, кога врни во пролет..........