го сакам на утринскиот воздух поготово кога сум на море па така само јас и морето се гледаме очи во очи, на пица, на зумбул, јоргован, на бор и на едно нешто на кое сум најслаба а тоа е ТОРТААА!
На воздухот после дожд, на нова книга, кафе/какао, кора од портокал, тазе подготвени пецива, кокос, ванила, расцутените цветови во пролет (посебно јоргованот)...
Го сакам мирисот на море; Мирисот на бебе ; Мирисот на дожд; Мирисот на печена тиква ; Мирисот на свежо мелено кафе; Мирисот на нова книга; Мирисот на лимон; Мирисот на чиста постелнина .. и многу др.
Го сакам мирисот на свежо испрани алишта, постелнина, на чисто. Мирисот на добра храна, на кафе, на овошје. Мирисот на пролет, на самиот почеток, па дури и откако ќе почнат алергиите Мирисот на дрво додека гори во ладна зима. Мирисот на море наутро. Мирисот на бебе додека го држиш во прегратка, и истиот што останува потоа со тебе. Го сакам и мирисот на потпечени лепчиња со путер и лук. Го сакам мирисот на лук во повеќе видови на храна Мирисот на првите домашни домати на почеток на јуни мммм Мирисот на луѓето што ги сакам.
На пролетни и летни ноќи... кога воздухот е пријатен и топол и мириса на мир. Кафе. Косена трева. И, малце контроверзно можеби, но - ми се допаѓа мирисот на марихуана.
"Го сакам мирисот на изсексана вмровка" Ставам во наводници демек не сум го јас кажал ова туку сум го прочитал некаде хахаха.