Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Го сакам мирисот на...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од DAngel, 8 август 2011.

  1. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Го сакам мирисот на штотуку сварено кафе,го обожавам,а особено во зима и насабајле... :mm:
    Го сакам мирисот помеѓу полиците за книги во библиотеката...
    Го сакам мирисот на мајка ми,и кога цела соба мириса на неа.
    Го сакам мирисот на правење ајвар во доцен септември кој се шири низ целата улица,цело маало,цел град, кога мириса на подготовка на зимница и ме потсеќа дека треба да ја дигнам летната облека и да ја подготвам есенската.
    Го сакам мирисот на моето млеко за тело,кое потсеќа на чистота и нежност.
    Го сакам мирисот на неговото тело.
    Го сакам мирисот и на мојата штотуку измиена коса.
    Го сакам мирисот на нови тетратки,моливи,гуми и книги...иако веќе не ми се потребни,тој мирис ми е толку посебен и ме потсеќа на детство.
    Го сакам мирисот на планина и чистиот воздух.
    Го сакам мирисот на нова облека.
    Го сакам мирисот на тазе нанесениот лак на моите нокти...
    Го сакам мирисот на среќа и спокојство.
     
  2. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Го сакам мирисот на
    - тазе мелено кафе ^_^
    - лепак, коректор, лак, бензин... :tmi:
    - косена трева
    - расцветани дрвја, особено мирисот на липите
    - мирисот на сецкан магдонос
    - јадењата што ги обожавам
    - изгасена свеќа
    - машки парфеми

    и многу, многу други :)
     
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Го сакам мирисот на :

    :l: ЉУБОВТА :l:

    Од неа, се што постои има прекрасен мирис :inlove:.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Го сакам мирисот на Живанши Пи, затоа што го осеќам кога поминал по улица :o
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    91
    Го сакам мирисот на бензин
    Го сакам мирисот на лак
    Го сакам мирисот на коректор
    Го сакам секој машки мирис
    Го сакам мирисот на летото
    Го сакам мирисот на езерото,морето
    го сакам мирисот на Black Up кремата за сончање :)
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.261
    Допаѓања:
    157.591
    Сега ко дете некое,па дури и ко поет,ама стварно не ми е поентата да бидам поетична.
    Ама стварно многу,многу,многу го сакам мирисот на моите родители кога ќе ги гушнам.Знаете ко мачките што си ги лижат маченцата за да се препознаваат и сакаат,така го доживувам ова.
    Мирисот на рацете на татко ми.Секогаш му мирисаат убаво и воопшто мирисот на мајка ми.Кога бев мала,кога одеше на пат спиев со нејзина облека,најчесто пижамите нејзини за да мислам дека е до мене! :D
    Мирис на бензин,лепак,лак за нокти...
    Мирис на храна која се готви,особено па кога се прават благи работи со цимет или ванила.Мирис на дом!
    Мирис на море и тука срценцето у грло ми оди.Почнувам ко дома да се осеќам.
    Мирис на свежо исечена краставичка,особено па ако е прва за таа сезона.Уууу какво енергизирачко чувство дава!
    Мирис на црешов цвет,зошто на липи сум алергична и ми се лоши,ама фини се,кога не се у полн цут.
    Мирис на печени пиперчиња.Ај што се мирисни,туку се и вкусни.
    ...мммм...тазе печено лепче,како тоа фино мириса!
    Мирис на чиста куќа!Све си испокречил,испопрал,запеглал,во омекнувач си ја удавил,одма ко друг човек функцонираш,другачие срцето ти чука! :D Ма воопшто мирисот на дома.
    Мирис на нова книга!!! Читаш и душкаш! Се сеќавам на букварот,тогаш открив дека и не мора да ти е толку досадно кога пишуваш иста буква на 3 страни и препишуваш зборчиња,можеш да бидеш хај! :D Од тогаш навака,негуваме љубов од повеќе агли.
    Мирис на лаванда и мирис на природа која има секое годишно време скроз поинаков и сите се преубави и ус пат ќе речам...мирисот на годишните времиња,онака будат спомени,дежа ви моменти!

    Има многу...не ми текињат у моментов све.
     
    На sesilija и Neytiri им се допаѓа ова.
  7. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    го сакам мирисот на пролет
    го сакам мирисот на месец мај
    го сакам мирисот на него и на неговиот дом неговата соба
    го сакам мирисот на пиперки
    го сакам мирисот на тазе турско кафе
    го сакам мирисот на пресно печен леб во фурна
    го сакам мирисот на црн бибер
    го сакам мирисот на диња
     
  8. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Го сакам мирисот на лето, на кремата за сончање.
    Го сакам мирисот на кокосот.
    Го сакам неговиот мирис, мирисот на него, неговиот парфем.
    Го сакам мирисот на Ленор плав! :rofl:
    Го сакам мирисот на диња и љубеница.
    Го сакам мирисот на липа.

    И многу други. :lol:
     
  9. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Го сакам мирисот на бензин, лак, лепак, фарба...
    Го сакам мирисот на дожд, и после дожд кога се суши патот.
    Го сакам мирисот на косена трева.
    Го сакам мирисот на печени пиперки.
    Го сакам мирисот на чисто.
    Го сакам мирисот на село.
    Го сакам мирисот на НЕотворена и стара книга.
    Го сакам мирисот на запалено угарче...
     
  10. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Го сакам мирисот на Неговата кожа :inlove:
    Го сакам мирисот на дожд.
    Го сакам мирисот на лаванда |-)
    Го сакам мирисот на ванила :drunk:
    Го сакам мирисот на свежо мелено кафе.
     
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.968
    Допаѓања:
    123.565
    Го сакам мириот на Блек Ап 8)
    Обожавам мирис кога се крчка некое убаво јадење
    Мирисот на мојот дечко, :inlove: со и без парфем :P
    Мирисот на штотуку сварено турско кафенце,ммм,
    Мириот на ајвар :lol:
    Мириот на белото грозје
    Мирис на бела Александрија или некое убаво -домашно-бело вино :inlove:
    Мирисот на чоколадо за готвење :lol:
     
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    мирис на лепак, бензин и лак за нокти :inlove: уф го обожавам
    Mирис на лазања и на пица :)
    Mирисот на море уффффффффффффф, и во ноќта го познавам, без да го видам моренцето :D
    Mирисот кога е ладно, во есен или зима, а најчесто ноември месец, кога е магливо, некако чудно ми мириса, ми враќа безброј спомени :)
    Mирисот на ванила, обожавам ванила! :)
    Mирисот на оние топчињата што се ставаат во чевли, да не ти мириса ногата :D
    и мирисот на крзнени животни, некако многу свежо ми мирисаат, преубаво :)
     
  13. House95

    House95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    28
    1..На машки парфем (Оne Million) :inlove:
    2.На свежо косена трева..
    3.На кафе... итн.. :D
     
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Го сакам мирисот на:
    - ванила
    - цимет
    - некој колач кој се пече
    - мокра мачка
    - лаванда
    - дожд
    - стара хартија, односно стари книги
    .... е толку ми текнува
     
  15. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Го сакам мирисот на :
    -безнин
    -охо лепак
    -пица
    -машки парфем
    -нови книги
    -...
     
  16. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Го сакам мирисот на цимет , особено наутро кога е измешан со какаото .:)
    Го сакам мирисот на кремот за сончање од папаја и кокос , ме потсетува на незаборливите моменти на одмор .
    Го сакам мирисот на кифлите од мама кои штотуку ги заборавила да ги извади :D
     
  17. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    ...расцутени липа и маслинка, измешани, да не знаеш кој е кој...

    Мирисот на лаванда и портокал, во топла вода...опуштање, дури и бришење на сите негативни работи од мојов ум :D

    Го сакам мирисот на штотуку печен колач со портокал, мирисот на топло лебче и млеко.
    Го сакам мирисот на внатрешноста на библиотека, купишта стари книги и дрвени полици :)
    Го сакам мирисот на свежо капано бебче, невино и кревко.

    Мирисот на мојот дом, дури и омекнувачот кој на нашиве алишта посебно мириса :D
    Чудно, и убаво, мирисот на догорче од кибрит :D
    И темјан. :)

    Не смејте ми се, ама најголем афродизијак ми е слаткастиот здив на дечко ми, знаете кога благичко му мириса, ко ванила да џвакал, нешто благо така, необјасниво :$ :rofl: :$ Кој знае знае, кој не разбра, нека паѓа од смеење :rofl:

    Сакам убава миризба, мразам бензини, лепила, бои и лакови :D
     
  18. RodenaSoGreska

    RodenaSoGreska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    49
    Го сакам мирисот...
    После дожд,исто и пред дожд...
    Пред да падне првиот снег т.е. мирисот на зима...
    Додека се пече леб...
    Лепак..
    Бензин...
    Нови книги...
    Штотуку искосена трева...
    На сите цвеќиња...
    и тн.
     
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Пица
    Свежо косена трева
    Кафе
    Мирисот на дечко ми :)
     
  20. sweetypie

    sweetypie Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    13
    паа го сакам мирисот на лепак,бензин,дожд,антонио бандерас-медитерано,кекс,ванила и така :D