Леле и мене ама нафтата попримамливо ми мириса Поздрав со песната Исто така мирисот на рана пролет и мирисот на плажа а морето многу попримамливо ми мириса од езеро
Онаа свежина на воздухот и мирисот на тревата на планина, во шума после дожд, некако ме смирува. Мирисот на смути од јагода, банана и мед. Мирисот на штотуку испраната марама, џемпер или блуза. Стандардните лепак и лак за нокти. Мирисот на стопено чоколадо или некој чоколаден крем кога се готви нешто благо по дома. Мирисот на турско кафе, ама може и на топло нескафе/капучино. Разно разни цвеќиња на ливада во пролет. Не знам ова дали се рачуна, ама мириси на креми за раце/тело пример од мед и млеко, цветни, овошни, абе сите со примамливи мириси.. имам навика повеќе да си ги отварам за да ги мирисам, него ли да ги ставам на мене. Мирисот на зелени јаболка, не знам зошто ама најслатко ми мирисаат и најубави ми се за јадење, кога имаме дома, цела кујна ми мириса на нив. Мирисот на мара... ама најозбилно ми мириса на некое чајче, отсекогаш сум тврдела дека ми мириса на чај од нане или нешто слично. Сос од печурки, павлака, лукче и пршута или некоја салама внатре... се' тоа врз шпагети, прво една добра минута мирисам, па дури потоа јадам.
Сакам го мирисо на лепак УФО, бензин, боја за огради, политура, мирисо на дожд, мирисо зелка салата мммммм
Мирисот на расцутани липи кога се движам по партизанса. Мирис на некој убав нежен женски парфем .....