Го сакам мирисот на зима, на дождливи улици, на тиква, слива, ванила, воз (ми враќа спомени од средношколските денови), и на УФО.
На свежо испечени кифлици, на утринско кафе, на нова неотворена книга, и на тоалетната вода B & U жолтата (Wild). Најнежна е.
мирисот на бензин мирисот на бои и лакови мирисот на добар парфем... мирисот на добар омекнувач за алишта..
Мирисот на липа, мирисот на јоргован, мирисот на благата погача кога е при крај со печење, мирисот на снег пред да завее, мирисот во магацините на работа бидејќи ме потсеќа на библиотеката од детството. Мирисот на варено вино. А пред сите тие мириси, мирисот на син ми.. зависна сум од тој мирис.