Мирисот на бензин, бебе, книга, кафе, дожд, и те кремите за сончање, мирисаат толку убааво на плажа, сонце..
На море, на убав омекнувач за алишта или прашок, на креми за сончање, на убави парфеми, на цвеќиња...
На липа низ скопските улици на пролет, на плажа, море, некои од кремите за сончање, убав парфем, омилениот омекнувач за алишта, мирисот во книжара или нова книга, чоколада, ванила и др.
Го сакам мирисот на море, мирисот на свежо косена трева, мирисот на утринска роса, мирисот на планински чај во планинарско домче таму високо, мирисот на свежо печено лепче, мирисот на нова книга Мирисот на милите и на тоа малото муце И ванила и цимет. А и после дожд и вечерта пред да заврне снег како да мириса студот на свежина има специфичен мирис баш пред да заснежи.
Мирис на есен. Обожавам есен и сите мириси што ги носи со себе. Во есен си го чекам бебушко мој па тој ќе ми биде нов омилен мирис.