Јоргован, пролетен дожд, чист воздух, мирисот покрај море.. Јоргован од кога немам помириснато Ме потсетува на пролетта во дамнешни нормални времиња, кога имавме 4 годишни времиња. Март, април и мај се ми беше најубаво Сега од зима дирек на лето
- Мирисот на море, плажа, forever and ever омилен незаменлив неспоредлив со ништо друго - Мирисот на свежо испечен топол леб - Мирисот кога спремам зеленчуци и сирење за шопска салата, особено свеж домат и краставица - Мирисот на моето куче - Мирисот на бебе - Мирисот на печен колач со кокос или цимет - Мирисот на дожд и чист воздух - Мирисот на свежо испрана постелнина - Мирисот на ванила And the list goes on...
Мирисот на храна кога се готви на зима дома, посебно мирисот додека се пече во фурна леб или кифлички. Ми дава спокој на мир во душата, дома сите на купче, топла храна домашна . А многу не сакаат дома да им мириса на храна јас сум една од ретките. Е на лето се претворам во нешто сосем трето. Значи секој мирис ми смета, затоа што е препретопло па и дома кога се готви, а се готви 3 пати на ден како да се претворам во другата во мене Дури и најубавиот омекнувач ми смета, абе на лето се ми смета