На девојка ми. Не знам на што мириса не е мирис на нешто што ми е познато, на неа мириса. Прво мислев дека е некој парфем, ама изгледа сама по себе така убаво мириса.
На девојка ми. Перницата нејзина на спалната ми мириса на неа и ми фали, пошто се немаме видено скоро недела и кусуро.
Нивеа Слатки гурмански парфеми, спрејови и лосиони Нов мебел Скара Кари сос Мирисот на готвена манџа со месо Зимница, поготово у влез од зграда, ми има некој посебен шмек ова
Не постои подобар спомен од мирисите, тие се спомени кои не навраќаат и потсетуваат како ништо друго. Мирисот на рано сончево утро во рана пролет и свежо искосена трева, мирис на прашина после пороен дожд во пеколен топол летен ден, мирис на масло за тело од кокос сунчајќи се, чистиот мирис во тоалет од купка после туширање, мирисот на мелено и сварено кафе, влегување дома и дочек на штотуку испечена торта или лепче, мирис на листање нова книга, мирисот на бебе и испрани бебешки алишта со омекнувач....Мирис на парфем во толпа луѓе потсетувајќи не на некој бивши и сите спомени со него, и најубавиот мирис-мирисот на кожите на нашите најблиски- деца, родители,браќа сестри,сопруг/а во нив се сите убавини.