1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Градежен факултет

Дискусија во 'Образование' започната од solzuska, 7 јули 2011.

  1. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    @peperutche21 Ќе пишат на страната, евентуално на меил ако ви немаат пратено. Ако не на 15ти е, обично накај 10-11.
     
    На peperutche21 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. unicorne

    unicorne Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    а кај да најдам листи за кои се во прва кои во втора група?
     
  3. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    На огласна табла. Или ќе ви кажат на предавање од тој до тој број на индекс во која група. Само не очекувај првава недела да има списоци, зашто има промена во службите и хаос е
     
  4. Jokka

    Jokka Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ни рекоа на факултет дека може а и не мора да купуваме Т-лењир, па сакав да прашам дали навистина помага многу во цртање?
     
  5. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    Не ти треба Т - лењир. Јас без него поминав, никаков проблем не ми направија. Си имав табла само.
    Ама ни таа не ти треба :)
    Н ти се исплаќа да купуваш, зашто само еден семестар се слуша Нацртна. Ако толку ти е мерак, ако знаеш некој на Архитектонски, ако не му треба да ти позајми.
     
  6. slatka.mala90

    slatka.mala90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    каде е бифето на факултетот :o
     
  7. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    Од задниот влез кај Ротринг што е, влезот на бифето е од кај паркингот.
     
  8. unicorne

    unicorne Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    dobro so e rabotata so statika zosto tolku mnogu luge povtoruvaat, panika e megu site dali tolku teski zadaci davaat ili ....? od kaj da resavam, so mi preporacuvate
     
  9. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    Статика зошто толку повторуваат? Па, според мене еден од најбитните предмети е, а ако има 100 студенти во генерација, 80 се запишани оти слушнале дека многу перспективен е факултетов или појма немале што па ајде и си мислат зафрканција е.
    Статика бара да седнеш да го испотиш г*зот, да го запалиш столчето и мозокот. Да си решаваш задачи, а не 10 задачи на вежби, програмот да го препишеш или некој да ти го реши и толку спремни сме туп на испит. Па после, професорката е крива шо задачите биле вакви такви. Побарајте збирки има во библиотеката, без пари даваат, решавајте од нив, а не само од комбинации.
    Не зборувам за тебе @unicorne конкретно, туку зборувам општо за сите што мислат дека е доволно тоа што е од вежби и не мрдаат со мало прсте материјали + да побараат.
    Не се вика за џабе студирање.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. slatka.mala90

    slatka.mala90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    како се снаоѓате коолеги на факултетот,како ви одат предметитее..како професорите...разочарани сте,воодушевении... ? :D
     
  11. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.602
    Пол:
    Женски
    Јас можам да ви споделам искуство како некој кој дипломирал и магистрирал на градежен.

    Струката е одлична, благородна, ама бара посветеност и по дипломирањето. Факултетот ви дава начела, насоки како да продолжите да се реализирате како инженери. Сакам да кажам дека и по дипломирање ќе се чувствувате како почетник.

    Факултетот бара посветеност. Додека студирав бев 24/7 на факултет, имаше многу непреспани ноќи во цртање и решавање програми, ама па имаше и многу дружење и никогаш не беше досадно.

    Работа се наоѓа лесно. Платата по стекнато искуство е солидна.
    Факултетот е признаен и надвор.

    Е сега, проблемот е во политиката. Проблемот е што недоветни седат и го смислуваат законот за градење, се мешаат таму каде што не им е работа... Ама здравје тоа. Се надевам ќе се смени.

    На ваша огромна жалост, вашето знаење на газдите ќе им биде второстепено. Поважна им е вашата сервилност.

    Како и да е, и покрај сѐ што се случува, професијата си ја сакам и почитувам.
    И со неа заминувам од тука. Таа ми е отскочна даска. Многу лесно и едноставно, директ со потпишан договор за работа. :)
     
    На Antolinaa, Mishela и unicorne им се допаѓа ова.
  12. unicorne

    unicorne Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    За снаоѓање доста добро искрено поинаку замислував, пострашно, но не е така. Предметите ми се ок за статика многу страв ми беше кога кажуваа дека 120 повторуваат, ама не е толку страшно, барем после прв колоквиум. Сега за математика малку ми е страв за теорија конкретно кај Силвана сум, се збора дека кај Даниел подобро било. Конструкции нз од кај да учам и што да очекувам на прв колоквиум. Нацртна доста интересно, но кога дознав дека 4 задачи се на колоквиум сигурна сум дека нема да стигнам. И уште геологија се надевам лесно ќе биди оти препознавање на карпи ќе биди.
    Можеби напнато звучам и цел реферат споделив ама ова беше куса верзија на мои размислувања и страв за тоа што ме чека.:(
    Ако некој друг да сподели нешто за предметите, полагањата како поискусен??:D

    ПС Професорите и асистентие ми се многу ок, достапни, со исклучок на асистентката математика која делува намќоресто.;)
     
  13. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    @unicorne
    Нацртна е многу лесно, прв колоквиум беа 3-4 задачи ама се стигнува за 3 саати да нацрташ се,не е комплицирано.
    Конструкции од книгата ама и од презентациите. Прв само теорија е, втор е и теорија и цртање како последниот програм.
    Математика цела книга. Даниел асистент ми беше мене и супер спремен беше, сега како професор не се ни сомневам дека е тип топ :)
     
  14. slatka.mala90

    slatka.mala90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    За водици ставаат ли испитии да се полагаат тогааш?
     
  15. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    На 19ти не, ама на 20 лани полагав јас.
     
  16. peperutche21

    peperutche21 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2015
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    1.004
    Пол:
    Женски

    а како земаат цената колку е? колку време вежба за математика
     
  17. peperutche21

    peperutche21 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2015
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    1.004
    Пол:
    Женски
    Како треба со пријавите за испити...да ги чуваме во нас... или да ги дадеме во студенска служба?
     
  18. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    Си пишува во меилот од студентски кои предмети се пријавуваат по ново, кои по старо. За бруцошите мислам дека скоро сите предмети беа по ново, т.е. ако положиш носиш пријава. Сега не ти требаат пријавите. Не ни забележав денес за бруцоши сандачиња. Ако не ти е јасно прашај си во студентски ќе ти објаснат.
     
  19. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    62
    Сакам да прашам по која програма е сега градежниот факултет по 3+2 или 4 +1 ?
     
  20. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    Моментално е 3+2.