Секоја година различно е. Јас кога конкурирав беа три групи: едната социјална( не треба просек) , другата со просек ( над 8,5 мислам) и третата со просек над 7,5 Ќе видиш во конкурсите од минатите години. Градежен спаѓа во технички факултети, па според тоа ориентирај се за просек во конкурсот.
Јас завршив средно,и Градежен го сметам како едно опција каде би продолжила понатаму. Ги разгледав програмите ама не ми се доволно јасни и немам некој познат што е на овој факултет,затоа ако можи некој да ми објасни,што е подобро запознаен, во однос на насоките,геотехника и градежништво ? Која е подобра,поперспективна,што можи подоцна да се работи со нив ?
Градежен има три смера - конструктивен, патишта и железници и хидро. Со конструктивен се усмеруваш кон објекти од високоградбата, патишта и железници е тоа, а хидро спаѓаат водоводни инсталации, канализациони системи, брани и т.н. Со градежен факултет учиш како се проектираат истите. Геотехника е гранка со која ги изучуваш почвите и нивните карактеристики, како и фундирањето во детали на сите споменати објекти. Лично сум презадоволна од факултетот, просперитетен е многу, ретко има инженер кој е без работа (барем јас таков не знам), ама на жалост не е премногу ценета професијата кај нас. Ама ако видиш дека ништо не се цени кај нас, не е толку чудно. А со истата, имаш просперитет и за надвор. Повели прашај ме сѐ друго што те интересира.
Има цела тема за стипендии. Социјален случај ако си, дете со еден родител, ниски примања, невработени родители... Пишува во конкурсот кој се спаѓа во таа група поточно. Побарај од минатите години ќе видиш
Вака направив одреден избор т.е пополнив електронска пријава за Градежен ,насока геодезија ама сепак имам одредена дилема да не можеби смерот градежништво е подобро?? Главните дилеми ми се дали математиката во насоката градежништво е на високо ниво?? Не дека сум талент ама сепак имам солидно познавање Ч) Од друга страна воопшто не ми е познато дали ако се одлучам за градежништво треба а и кога треба понатаму да се бира оние конструктивна насока што спаѓаат ппод градежништво? И третата дилема ми е што слабо сум запознаена каде после факултетот завршуваат дипломираните геодетски инжинери? 24 h на терен? Би ви била благодарна доколку некој кој веќе е на факултето или пак некој кој располага со информации одвои време да ми одговори на прашањата
@fantomix Математиката и на двата смера е иста. Еден од поважните е зашто влече доста предмети, на градежништво посебно. На градежништво мислам дека дури во втора според изборните предмети се прави селекција кој за што ќе оди. Откако ке дипломираш твое е дали ќе се одлучиш за канцелариска или теренска работа. И не нема да си 24/7 на терен.
Како мислиш часови по геодезија, ако веќе си на тој факултет на кој предмет од геодезиите мислиш ... ако можеш да ми појасниш за да ти одговорам ?
На страната на факултетот на полето жиро сметки ... односно прво ќе отидеш на прв циклус на студии и од десната страна малку подолу треба да кликнеш на полето жиро сметки
Те читам често и да ти предложам... Некој сроден факс запиши...и почни....избери предмети кои би ти ги признале на градежен. И наредната година - трансфер направи.
@Mr. Right Мислам дека ќе има, не е целосно потполнета квотата. Деновиве ако одам до факс ќе прашам, ама ако ти е итно ѕвони на студентски ќе ти кажат тетките Едит: Сега се јавив, ќе има на сите три смера упис со среќа
1.Нацртна геометрија и 2.Како функционираат градбите, кај треба да се сместат кога се активираат предмети на IKnow-системот? *Изборни од насока, *Изборни од цел факултет или *Изборни од факултетот(градежен) На градежништво сум. Или можи да се ориентираме според тоа што го пишува до нив во заградата,за градежништво како кратенка има ГРЗ ??
Vo kontekst na muabetot, ne pamtam koga na gradezhen bile popolneti site kvoti... )) Kolku ke se sedi na teren za dvete profesii zavisi od toa so shto ke se zanimavash ponatamu. Bi ti preporachala gradezhnishtvo. Nekako ke se prezasiti zemjava od geodeti, pa ke padne malku pazarot... barem toa e moe lichno mislenje. Ako imash prashanja, slobodno mozhesh da me kontaktirash vo privatna poraka.
дали некој ќе може да ми го прати линкот за семестарот кој документи да ги однесеме и кој уплатници да се платат, ги имаше на страната сеа не можам да ги најдам ги има само за бруцошите