@peperutche21 истите уплатници се како и за бруцоши. Документи посебни нема. Лист за упис и заверка на семестар од скриптара, статистички лист, индекс и листот со предмети него го има кај читалните. Ова беше до лани, годинава сигурно не е сменето.
Ама работата е што, на Градежен речиси секогаш има втор уписен рок, ама на Архитектонски нема. Сè се пополнува уште во прв уписен рок, а ако не се лажам, тој беше кандидат за таму. Плус, не признаваат предмети ако сакаш да направиш трансфер, без разлика дали ќе се запишеш на Градежен, кој има некои слични предмети со АФС. Не им признаваат предмети на студенти запишани на Архитектура на Американ или Гоце Делчев, што останало пак за вакви сродни факултети. Тоа е...
Избрав Нацртна Геометрија како изборен на градежен,1ва год. сум.Ми рекоја дека бил претежок и тешко го поминувале.Има некој искуство со предметов ?
@Son*Mez Мене ми викаа дека едвај се полагал и такви муабети еден куп изнаслушав. И нема врска. Ако учиш и ако знаеш да се снајдеш во простор ќе положиш. Мене омилен предмет ми беше и погоре во постовите имам пишувано види. На колоквиуми се полага, од двата колоквиуми минимум 30 поени треба да имаш за да положиш, а еден колоквиум е 30 поени.
Според распоредот од 19ти првото предавање е во 9 часот.Дали прават проблем ако закасниш или да отидеш 1 час подоцна ? Не сме сеуште поделени на групи па мислам дека нема да знам во која училница да отидам..
Кои предмети се изучуваат градежништво а кои геодезија и за условни не условни предмети ако може да ми каже некој кои се ..
@Freja.Stella Повели: http://www.gf.ukim.edu.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=42&Itemid=59
Зависи од кредитите на предметот. Еден кредит во приватна е 6,66евра * кредитите = сумата за презапишување, плус 10е казна. Пр. Предметот е 8 кредити, 8* 6,66 = 53,28е
Дали знаете некој што држи приватни часови по Теориска Механика и што може да ми реши домашна?Ако знаете некој ве молам пишете ми.
Англиски или Германски во втор семестар Геодзија?Германски се учело од почеток додека Англиски се продолжувало,според вас кое е полесно за тие што не им одат јазиците?
Здраво девојки. Јас сум годинава матурантка и веќе размислувам многу за факултет. Една од опциите ми е градежен, се заинтересирав за факултетов. Епа вака, јас учам економско и 2 години завршив многу добра, а 1 одлична, а годинава верувам дека ќе завршам одлична. На матура избрав англиски, бизнис и право. Знам дека се ми е тотално утка и дека ќе изгубам многу поени, но веќе е предоцна за промена. Разбирам дека факултетот сам по себе е многу тежок, дека бара многу посветеност и учење.. Математиката не ми оди многу.. Добив многу коментари од типот на што бараш на градежен и сл. Дали би можела да влезам во државна квота? И на кој смер би ми било најлесно? Ако има некоја која студира на градежен, би ве замолила да ми пишете во лп, ме интересираат и други работи.