070 267 974 Слободан се вика седи блиску кај катната гаража во центар што е блиску Рамстор Мол. Не знам друг воопшто дали има во Скопјево. Бев еднаш лани кај него 1000 денари за 1 и пол час ми зеде ама ми требаше само за претпоследната вежба па беше во ред. Објаснува добро, би ти препорачала се што зборува, доколку појдеш кај него, да си запишуваш на лист мислам многу послесно потоа ќе ти биде да се снајдеш бидејќи тој црта цело време а ти гледаш
Може ли некој да ми даде контакт од професор по теориска механика кој може да ми помогне во врска со задачите за проста греда и конзола
Ако некој знае може да ми помогне. Ако некој предмет не го положам на пример ,нацртна геометрија, и да треба следната година пак да го преслушувам дали може наместо него да го запишам другиот изборен предмет физика?
Може. Така прават за да се избегне и казна од презапишување предмет и ако крајно гледаат не им иде предметот. Најубаво прашај во студентски прашања, оти немам лично искуство баш за презапишување
Би сакала да те прашам на факултетов бараат многу математика?...Го сакам факултетов но математиката ме кочи мн затоа што немам многу познавања....Фала унапред
Ако немаш добри познавања тогаш земај приватни часови и спремај си се со време. На секој технички факултет потребни се солидни познавања од математиката која се провлекува скоро низ сите останати предмети.
Математика имаш во сите предмети после. Ако не положиш математика, не можеш да слушаш еден куп предмети. Влече доста предмети за понатаму . Погоре ги имам набројано дел од нив. Прочитај ја убаво темава, доста работи имам пишано. Ако не положиш математика, по дифолт губиш година ко ништо.
Освен математиката и онака премногу бара посветеност, постојано има за домашни и за цртање барем сега во прв семестар за цртање имаме премногу. Многу љубов треба да имаш, волја и нон стоп континуирано да учеш и решаваш задачи. Неможам да се најавам на iknow, ми покажува неточна лозинка одам за рестартирање преку емаил не ми стигнува ништо. Каде да прашам на факултет што е проблемот?
може ли некој да ми даде контакт од професор кој изработува елаборати ,да ми помогне во врска со елаборатот по предметот основи на геодезија?
Дали по завршувањето на факсот по геодезија од 3 години можам да работам во геодетска фирма и со какво звање се стекнувам, или ќе морам да доучувам +2години.затоа што факултетот е 3+2?
Да, колку што планираш испити да полагаш, толку административни такси се плаќаат и се прикачуваат за самата пријава пред да ја пуштиш во сандаче или пак го запишуваш кодот ако плаќаш преку порака.
Здраво,сакам да прашам дали има некој кој би можел да ми предложи кој софтвер да го одберам по предметот софтверски пакети ..Ви благодарам одднапред