Здраво дечки, чисто информативно сакам да прашам дали некој знае на ланските уписи колку поени отприлика имаа последните во државна квота на смер градежништво, и дали има јака конкуренција.
Многу малку се во приватна квота, со многу низок просек влегоа во државна мислам дека не се ни потполни целосно бројот и на двата уписа.
Здраво прва година ќе сум на градежен и ме интересира кој изборен е подобар да го земам Нацртна геометрија или Инженерска графика, од овие два се бира еден нели ?
Ако сакаш полесно да поминеш Инженерска графика избери си. ПС.Ако ти се црта пресек на Конус и Цилиндар, Нацртна
Се мислев повеќе и јас за истиот ама ај пак да си прашам Фала и на двете @Me_Beatrix Уште нешто, во потребни документи ми пише дека треба да уплатам потврда за редовен студент за зимскиот семестар, но нагласено е АКО на студентот му е потребна. Зарем не е тоа за сите?
Ти треба потврда за редовен студент? Ако ти бараат за вселување во студентски, за здравствено осигурување, за стипендија или за нешто слично, извади. Ако не ти треба во скоро време, не мора да уплаќаш. И онака ако ти затреба во текот на семестарот, можеш било кога да уплатиш и да ти дадат потврда.
Дали е можно при упис на 5ти семестар,трета година, ако имаш презапишан од прва, флуиди и ако сеуште не ти е положен да квадрираш ? Односно дали сите положени и неположени предмети од втора година се поништуваат и треба да ги слушаш одново ? И ако е така што може да се направи за да не се поништат, да се паузира една година додека не се положи флуиди и слично ?? Ве молам ако има некој поискусен што знае како оди ова ?/
Ништо не се поништува. Ако е положено, положено ти стои. Ама, бидејќи веќе трет пат го запишуваш предметот ако си државна квота, паѓаш во приватна квота.
Не го ни преслушувам, можам да го полагам до јануари, погрешна информација. Фала ти многу, нерви изгубив за ова 2 дена
Флуиди од летен е, колку што памтам можеш до јануари. Ама се мислам дека плус рокови даваа, само не сум 100% сигурна.