Здраво, може ли да ми кажете дали е перспективен факултетот, дали лесно се наоѓа работа и колку е платен?
od 1 semestar najglavni predmeti : Statika, Matematika (koi vlecat drugi predmeti od narednite semestri). Nacrtna geometrija iako izboren ne e bas ednostavno, ima za crtanje domasni zadaci Gradezni konstrukcii isto ima program presmetki + crtanje Inzenerska geologija e OK so karpi pocvi Informatika TOP
Иако сум неколку генерации постара од тебе, ќе зборувам онака како што јас поминав, бидејќи мислам дека за некои од предметите има промени од аспект на тоа што и колку се бара. Плус, сега со онлајн полагањата не знам што ќе се бара од вас. Како што веројатно знаеш, секој предмет е понуден од некоја катедра на факултетот (катедра - група на професори кои држат предмети од одредена област). Сите катедри се наброени на официјалната страна на факултетот (gf.ukim.edu.mk, која моментално поради некоја причина не работи), а и скоро секоја катедра има сопствена веб страна каде што се стават материјали за учење или вежби, известувања и резултати за предметите. Веб страните можеш да ги отвораш и преку gf.ukim.edu.mk, но со тек на време ќе научиш да ги отвораш самостојно: пример, официјалната страна на Катедрата за техничка механика и јакост на материјалите е ktmjm.gf.ukim.edu.mk. Секој предмет можеш да го полагаш во следните 3 испитни сесии после слушањето на предметот, а во секоја испитна сесија има по 2 рокови (2 термини) за полагање. По повеќето предмети можеш да полагаш и на двата испитни рокови, иако мислам дека имаше 1 или 2 предмети кои правеа ограничување само на 1 рок (ама не се во прв семестар). Значи, за предметите од било кој зимски семестар, имаш опција да полагаш по 2 пати во јануарско-февруарска сесија, во мајско-јунска сесија и во августовско-септемвриска сесија. Ако не го положиш предметот во последната сесија, го презапишуваш (преслушуваш). За предметите од било кој летен семестар, имаш опција да полагаш во мајско-јунска сесија, во августовско-септемвриска сесија и во јануарско-февруарска сесија пред да треба да го презапишеш предметот. Секој предмет има некој минимум за да добиеш потпис (најчесто навремена изработка на сите домашни задачи, но за секој предмет професорите посебно си дефинираат кој им е условот за потпис во т.н. лична карта на предметот, што претставува детален опис за темите за изучување и обврските кон предметот), што е еден вид на дозвола за да го полагаш предметот. Ако изгубиш потпис по некој предмет, автоматски значи дека го презапишуваш, бидејќи не можеш да го полагаш. Важно е да се каже дека за скоро секој предмет во книжарите Ротринг (што се наоѓа во дворот на факултетот), Принт КАД (зад факултетот, спроти КАМ) или кај Љупчо (во ТЦ Буњаковец, во тунелот после преминување на улицата, кај семафорите) може да се најдат прашања и задачи кои се паѓале на претходни колоквиуми и испити (најчесто во Ротринг). Сепак, би те посоветувала да не се потпираш секогаш само на нив, бидејќи неретко се случува по некои предмети да се менуваат прашањата. Исто така, не ги учи само одговорите што ги напишал некој на прашањата, бидејќи некогаш не се точни или треба подолго објаснување да се напише на полагање. Така што, имај ги предвид, но не се потпирај исклучиво на нив. Најмногу внимание треба да обрнеш на статика и математика, бидејќи ти се условни предмети, односно не можеш да полагаш (иако можеш да запишеш/слушаш) други предмети натаму без прво нив да ги положиш. Со оглед на тоа што ќе имате онлајн настава, веројатно професорите ќе ви пуштат материјали, инаку скриптите ги има во Ротринг, Принт КАД или кај Љупчо. За статика имав 2 колоквиуми на кои се полагаше само практичен дел (задачи), а теоретскиот дел се полагаше на испит. Ако го паднеш првиот колоквиум, немаш право да го полагаш вториот колоквиум. Исто, ако го положиш првиот, но го паднеш вториот колоквиум, на испит сепак ќе треба сè одново да полагаш, т.е. ќе полагаш и теорија и задачи. Задачите им се океј, налик на домашните задачи. Во секоја од домашните задачи има повеќе примери и во зависност од тоа кој број на индекс си, ќе ти е дефинирано кој пример треба да го решиш и со кои вредности на параметри (најчесто даваат различни вредности за секој, со цел да нема препишување, иако постапката на решавање е скроз иста). За колоквиум најдобро е да ги поминеш сите примери од сите домашни задачи, а не само тие што тебе ти се паднале. Вредностите на параметрите и не се толку важни, важно е само да ја сфаќаш постапката. Теоретскиот дел се состои од неколку лекциски прашања, значи треба да знаеш да ја раскажуваш секоја лекција. И да, се бараат изведувања на формули и скици. Како да потслушнав дека по ново теоретскиот дел се полага усно, ама не можам да ти кажам со сигурност дали е така, можно е и да им било само како тест таа година за да видат како функционира, па или продолжиле така или се вратиле на писмено пишување. И од теоретскиот и од практичниот дел (задачите) имаш одреден минимум што треба да го положиш за да ти се смета предметот за положен. Така на пример, да речеме дека си ги положила задачите, мораш исто да ја положиш теоријата барем со минимум поени: во спротивно нема да ти се важи предметот за положен ако имаш 8/10 од задачи и 4/10 од теорија, мора од двете да имаш минимум 5/10. Доброто ако ги положиш задачите преку колоквиум е што после за испит треба да ја спремаш само теоријата, инаку ќе треба сè постојано да полагаш, макар си паднала пример само задачи. (Ова може да им е сменето и да има отстапки, пример ако на прв испитен рок положиш задачи, а не си положила теорија, да ти дозволат на следниот испитен рок да полагаш само теорија. Ако не положиш ни тогаш теорија, тогаш следна испитна сесија ќе полагаш пак сè.) Таа катедра (Катедра за техничка механика и јакост на материјалите) во скоро сите предмети ја користи страната Piazza, каде формираат како виртуелен клас каде поставуваат известувања, материјали, домашни задачи, а можеш и да поставуваш прашања (анонимно) за било што и да те интересира (полагање, домашни задачи итн) и ќе ти одговори професор или асистент. За повеќето предмети (освен предметите на професорката Тодорка) од таа катедра се користи Piazza наместо официјалната веб страна. Математика е всушност целиот материјал од средно, така што ако си била на математички А многу полесно ќе ти биде отколку тие што биле на други смерови или стручни средни училишта (ќе ти биде полесно дури и од тие што завршиле средно градежно училиште, бидејќи таму немаат фокус на математика). Не се сеќавам точно околу колоквиуми и испит, ама МИСЛАМ дека можеш целосно да го положиш преку колоквиуми (и теорија и задачи). Мислам дека исто постои одреден минимум на поени што треба да ги имаш и од теоретскиот и од практичниот дел на испитот, но често се случува ако студентот ги положил задачите да оди на усно дополнување (испрашување) кај професорот. Не знам кој ти е професор, но ако е професорката Силвана, сметај дека ќе е така. Јас сепак ти препорачувам да гледаш да положиш теорија писмено, бидејќи потешко и постресно е професорката да те испрашува усно. Што се однесува до задачите, слично важи како за статика: ќе бидете поделени во групи и секој ќе треба да ги реши задачите од својата група. За полагање, најдобро би ти било да ги извежбаш задачите од сите групи, бидејќи задачите што се даваат за полагање се многу слични како задачите од домашното. Теоретскиот дел е комбинација од кратки, едноставни задачи и лекции, со фокус на изведувања на теореми. Од останатите предмети, останаа градежни конструкции, инженерска геологија, нацртна геометрија/инженерска графика и еден изборен од УКИМ. Градежни конструкции е предмет кој ќе те запознае со основните елементи на една конструкција. Мислам дека можеш теоретскиот дел да го поминеш на колоквиуми, а на испитен рок се полага практичниот дел. Не се секирај ако не можеш да постигнеш да го спремиш теоретскиот дел на колоквиуми, океј е да го полагаш и на испит, бидејќи прашањата не се баш лекциски како по статика и математика, туку се во вид на пократки прашања, па е малку полесно. Теоретскиот дел се учи од презентации (воопшто не ја искористивме книгата која ни беше предложена), што воопшто не е толку лесно колку што звучи и повторно, ќе треба да знаеш и скици и текст. Впрочем, навикни се дека за сите предмети ќе треба да учиш скици покрај текстот. Фокусот на предметот е сепак ставен на програмот (домашната задача), која вклучува рачно цртање на конструкции (не знам како ќе биде во вашиот случај). Ќе треба навистина добро да го владееш цртањето и да ги почитуваш правилата за цртање, бидејќи тоа ќе ти биде практичниот дел за полагање. Ќе треба доста да внимаваш на детали, бидејќи овој предмет е наменет да ве научи на техничко цртање, па поригозорно ќе се оценува педантноста на цртежот и почитувањето на правилата. Мораш да се навикнеш и да мислиш и црташ брзо, а да изгледа читко и убаво, бидејќи иако се полага 3-4 саати, сепак не се постигнува и фали време. Обрни внимание и комуницирај со другите колеги, бидејќи оваа катедра (Катедра за бетонски и дрвени конструкции) е строга, но хаотично ги предава информациите за предметите и често знае да дава „финти“ на испити. Плус, навистина треба да видиш какво домашно им е дадено на другите, бидејќи неретко знаат да дадат цела задача основана на програм (домашно) кое не го работела една група, а го работела друга (со различна геометрија, различни „финти“ од твоето домашно итн). Со оглед на тоа што ќе работите онлајн, не знам дали имавте опција да одберите меѓу нацртна геометрија (каде што домашните задачи и полагањата се со рачно цртање) и инженерска графика (дел беше рачно, дел на компјутер). Јас лично сум слушала нацртна геометрија. Интересен предмет, треба да имаш визија и сфаќање на просторно цртање (истото мислам дека важи и за инженерска графика), така што тука повеќе се работи за логика и просторна ориентација, отколку за учење. И за ова ни предложија книга, но воопшто не ја искористивме. Инженерска геологија е исто така релативно лесен предмет и мислам дека учевме од прашањата во Ротринг. Мислам дека професорот ни спомена за некоја поголема книга (која опфаќаше многу повеќе од тоа што се бараше во предметот) и знам дека ја позајмив од библиотека, но никогаш не ја искористив. Не се сеќавам дали воопшто имавме теоретско полагање на предметот, но знам дека практичниот дел беше усен и требаше на асистентите да им објаснуваме за видот на карпа кој ќе ни го покажат во моментот и плус уште некое прашање од вежби. Сè на сè, не беше тешко за полагање. Изборните од УКИМ се најчесто најлесни, освен ако не си ги избрала кај професорот по хидротехника, тој доста бара, па не мора премногу време да трошиш на нив, во споредба со другите предмети. На крај, повторно би ти рекла убаво да ги спремаш и задачите и теоријата, бидејќи иако се полага долго време, не се постигнува, има доста работи за пишување (да, ќе треба да се навикнеш и на брзо пишување).
Здраво, сакам да ве прашам дали некој ќе може да ми каже повеќе за архитектонски факултет бидејќи планиран да се запишам па сакам повеќе инфо. Исто така, дали во првиот упис сите се запишуваат или им остануваат слободни места . Јас прва год бев мн добра, другите две години сум со одличен просек со три 4ки освен четврта кај сто ќе заршам со сите петки, па ме имтересира дали би била примена на државна квота или воопшто ? Поздрав
Многу ти зависи од примениот на архитектура, 40% е тој, а 60% целокупниот успех (тука влегува и матура ако ја има).
Па ко шо знам мала квота имаат и стално толку 140/130 за места за 120 студенти грубо аплицираат и се пополнува одма во прв рок. Нема врска што не си одлична, другарка ми исто имаше некоја 4ка, а и 3ка на матура, па на приемен пројде топ и беше во први 30тина и е државна квота. Значи спремај се ти за приемниот сеа летово шо иде и ако таму пројдеш топ, ќе си бидеш примена.
Дали некој знае колку бодови требат за да се запишеш на градежен факултет? Јас сум се уште средно и учам угостителско туристичка струка. Дали можеби мене ќе ме примат во градежен факултет?
Знам дека додипломските студии на Градежен се 3 години, но дали некој може да ми каже за колку години повеќето од студентите дипломираат?
Најчесто 3 или 4 години (1 година задоцнување поради армиран бетон во втора година (четврт семестар)).
Дали за вработување со градежен повеќето фирми бараат да се има и магистратура и лиценци или може да се најде солидна работа и со 3 години додипломски студии?
Ве молам да споделите искуство за усно полагање по предметот Механика на почви.Какви прашања поставуваат и од каде го спремавте материјалот