Ајде дечки замре темава скроз ... Пак јас да пишам - ако се најди некој да ми одговори Според вас , што студирате на градежен, кој смер е подобар - конструктивна насока или геодезија ? Кој смер има повеќе перспектива ? Не можам да се решам сеуште, факултетот е одбран но за смеров не сум сигурна, не знам што да правам.
Случајно налетав на темава- татко ми е геодет по професија и ми трубеше за таму ама јас инат не и не! Инаку конструктивна ми е некако многу помашка работа Сепак ти си знаеш најдобро Со среќа што и да одбереш!
Точно дека конструктивната насока е помашка, ама некако мене лично повеќе ми фаќа око. И геодезија не е баш женски смер, иако повеќе девојчиња има за разлика од другиот смер, ама нека не ве лаже бројката - ич не е женски факултетов воопшто. Јас ептен го имам меракот за таму, ама што знам. Ќе видам до уписите има време. Инаку сум заинтересирана за конструктивната насока, ама сите ми велат - каде ти вака нежно, кревко девојче да се маткаш по градилишта и по објекти и таквимити слични глупоштарии што стварно ме нервираат, а уствари се многу реални ... Тоа е, ако имате желба, ич немојте да ја потиснувате и одете таму. Може тоа ќе излезе баш тоа тоа. Chivas и јас би ти препорачала геодезија штом веќе одамна си се решила да одиш таму - не си ја потиснувај желбата и не се ставај во недоумици. Ама за секој случај разгледај си ги предметите и наставата од конструктивна насока, ама е малку потешко од геодезија. Мое мислење.
Дечки одете таму кај што ве влече. Остајте дали е машка или женска професијата, ако тоа ве исполнува. Само ви кажувам, не дека ви се мешам во ова. И ич да не ви е гајле што зборуваат другите. Мене па Рударскиот ме влече исто така.
девојки а дали нацртна геометрија е тежок предмет? јас како што се сеќавам 7-8 одделение работевме техничко цртање и проекции па претпоставувам дека е поврзано :? јас во средна чшкола немав никаков додир со тоа и ми е страв да не се заглавам бре со овој факултет? колку повеќе минува времето толку повеќе не сум сигурна ... инаку како е тоа 3+2 значи за да ја добиеш титулата геодетски инженер треба да студирас 5 год ? или тоа е за магистар?
Јас воопшто не ги делам факултетите на машки или женски , туку на перспективни и неперспективни.Така дојде времето ,па мораме и ние самите да се ориентираме според условите. За градежен конкретно последниве 4-5 години веќе помасовно започнаа да се запишуваат и девојчиња , ваљда му дојде умот и сфатија дека не само учителки и докторки се женски професии. Се надевам дека што и да одлучам нема да погрешам , според тоа што разговарав со лица што се занимаваат и со едната и со другата струка ги фалат и двете и двете ги препорачуваат. Во врска со предметите на конструктивна , значи член на фамилијата моментално го учи тоа , и нормално дека тој смер е потежок има повеќе физика , математика за разлика од геодезија каде што се застапени само во 1 семестар.Имам уште малку време да размислам , и ќе одлучам. Еве и Мишела ако решиш , пиши ми обавезно , известиме , па можеби ќе бидиме колешки А, Хакерка нацртна геометрија не е ни приближно исто со техничко цртање , за жал ние гимназија што сме завршиле , прв пат ќе се сретнеме со овај предмет ,иако е доста важен и треба да го воведат како задолжителен предмет во средно ,бидејќи на повеќе факултети се бара. едит: Конструктивната насока е 4+1 година а Геодезија е 3+2 ( со 3 години си дипломиран инженер геодет а со + 2 си магистер )
Абе и јас не ги делам, само ако одбериш конструктивна спреми си се бидејќи за се ќе треба двојно повеќе да се трудиш и докажуваш пред работници или претпоставени кои со сомнеж ќе те гледаат и слушаат, сеуште не можеме балканскиот маж да го смениме, што воопшто не го оправдувам тој очаен менталитет - сепак и со едното и другото влегуваш во машко поле! А факултетот воопшто не е лесен, еве брат ми е таму. Како и да е - среќно која и одлука да ја донесиш !
Здраво! Јас би сакала да се запишам на градежен доколку имам шанса со оглед на тоа што за интерни предмети на државната матура ги одбрав социологија и историја, а не некој од природните науки(бидејќи бев решена да идам на економски...) Инаку имам висок просек, одлична бев сите 4 год и матурата супер и се само за интерниве направив утка..Дали некој знае какви ми се шансите или да одам до градежен да се распрашам?
Зависи за која насока сакаш. За конструктивна насока и геодезија малце потешко. Гледам лани повеќе од 100тина се запишале на овие две, а последните примени во државна имаат над 83 поени. На другиве (патишта и железници, хидротехника и геотехника) пиле не пее, двајца без тројца се запишале. Ова за лани, но не верувам дека и оваа година ќе биде така. Плус оваа година послаби се матурите, а и мислам дека помала е заинтересираноста. Едниот од интерните може да ти го бодуваат, во конкурсот пишува дека едниот интерен треба да е од природните науки, а другиот општообразовен. Со среќа, се надевам дека ќе те примат.
Фала ти мнг Јас пресметав дека имам 92,5 бода бода, доколку иде така процесот, т.е да не ми го рачунаат едниот интерен предмет тогаш ќе имам минус 8 бода- 84,5 бода, а бидејќи сакам на геодезија ќе биде сигурно со кофинансирање ама тоа е ...
Еве јас годинава ке сум втора година геодезија. супер е факултетов и перспективен е мн, иначе проф се супер, ама треба редовност, не дека проф бараат ама ако забушаваш нишо не прајш, ке се изгубиш, не ке можеш без помош од асистентите... аку има некој др прашања нека каже дур сум тука да дообјаснам
Јас планирам да се запишам оваа година на геодезија, ќе можеш ли да ми објасниш нешто околу предметите, за што станува збор во Дефендологија, ме интересира и за физика дали е мнг тешко и дали треба да имаш основа од средно зошто јас немам баш, а што се однесува до математика-немам проблем со тоа само физикава малце послабо... фала однапред
Дали има некој што студира геотехника или пак некој што може да ми даде подетални информации околу предметите?
да не знае некој што е работа со смерот геотехника на градежен,никако неможам да поднесам за таму?да не укинат смерот или нешто слично?
Колеги се припремивте за утре?? само да ви кажам без нервози, на факултетов утре се ќе ви објаснат...
Кажавте за геодезија, но некој за конструктивна насока да кажи нешто повеќе, за предметите, професорите, дали е толку тешко бла бла бла бла....?
во принцип многу мразам да одговарам на вакви прашања, затоа што сметам дека ако редовно работиш и учиш дека нема да имаш никаков проблем, ни со совладување на материјалот ни со професорите.... од она јас што го знам од моите колеги, е дека многу внимание треба да посветиш на предметите како што се челични конструкции и армирано бетонски конструкции. катедрата за бетон е малку тешка за соработка а челичарите бараат прецизно и педантно средени програми.... повеќето од колегите имаат проблеми со водовод и канализација и многу од нив и го преслушуваат предметот. професорот бара многу обемно да се раскажат лекциите и цртежите да бидат точно нацртани.... овие предмети се учат во 3 и 4та година...а за првите две години најважни предмети се математиките, статика и јакост на материјалите, бидејќи натаму влечат многу предмети