Може ли некој да ми каже кои предмети се учат на конструктивна насока? И што после можам да работам со овој факултет?
Градежниот конструктор има знаење, смелост, но и привилегија да создава и да му дава димензија на времето и просторот во кое живее. Конструктивната насока ги едуцира идните градежни конструктори и ги поттикнува нивните идеи во насока на проектирање и градење на објекти кои ќе го подобрат квалитетот на секојдневното живеење. Дела на градежниот конструктор се: станбените објекти, индустриските објекти, објектите за спорт и култура (стадиони, спортски сали, базени, театри, кина, музеи, изложбени павиљони), мостовите, вијадуктите, водните кули, резервоарите, силосите и др. На конструктивната насока се изучуваат теоретските и практичните проблеми на проектирањето, градењето, одржувањето и ревитализацијата на армирано-бетонските, челичните и дрвените конструкции, но и специфичните проблеми на геотехничкото и асеизмичкото инженерство, следејќи ги притоа новитетите во компјутерското проектирање и во индустријата на градежни материјали. ...ова е од страната на гф од предмети имаш математика, физика, статика, јакост, градежни материјали, технологија на бетон, механика на почви, геодезија, механика на флуиди, челични конструкции, армиранобетонски конструкции, патишта, железници...... не ми текнуваат баш сите
^ Го имам прочитано ова веќе. Ама ме интересира како што ќе можам да се вработам после со овој факултет? На какви работни места? И колку отприлика се движат платите за тие професии...
дефинитивно ќе треба да си ги извалкаш нозете во кал на почеток, по дипломирање можеш да црташ арматурни планови, челик нешто, после некое време можеш, со искуство, да станеш надзор, да ја надгледуваш работата на некој објект, да бидеш проектант . . . . . за плата.... не знам точно да ти кажам...на почеток околу 15 000..... за надзор околу 25 000... ако не планираш многу да си активна и сама да бркаш работи и проекти не очекувај многу пари...
Оти толку многу малку платени? Ама самостојно ако работиш, знам во фирми многу ги плаќат оти тешко е да се најди квалитетен инжињер.
сакам да ве прашам,четврта година сум и сум некој наводно иден студент на градежен.Знам дека се многѕ бара математика,не сум некој талент но не ми иде лошо математика.Ги знам предметите на градежен и сум свесна дека е тежок. Има некој да ми каже како идат таму работите дали е нешто премногу тежок доколку не си некој добар математичар итн
Па, не дека оние кои не се добри математичари и физичари не успеваат на факултетов, а и општо на техничките факултети, ама сепак според мое мислење - што не мора да е точно, ама сметам дека држи вода - не можете да бидете добри инженери ако не ви одат математика и физика. Исто како да се запишувате на Ликовна Академија, а не ви оди цртањето. Сепак нели, цврсто сум убедена дека важи изреката оти талентот е 1%, а останатото е 99% напорен труд и работа. Со континуирано учење и вежбање - се постигнува.
Архитектура и Геодезија Што мислите вие,која е поубава професија од овие две, архитектура и геодезија? Јас мислам дека за една девојка и жена дека е подобро архитектура,но каде да се запишам јас кога ке дојде време? И двете ме влечат и убави и поретки професии се..
Не би рекла дека се поретки - во последно време сè почесто се запишуваат студенти на архитектура и геодезија. Не се раководи според тоа дали професиите се актуелни или добро/лошо платени или пак машки/женски. Гледај тоа што ќе го одбереш да те влече и да ти биде интересно и најважно - да имаш желба да го учиш. Мислам дека и двете опции се добри и изборот ќе биде твој, па би ти предложила да си се преиспиташ самата себе што сакаш да бидеш во иднина и да ги разгледаш предметите и на двата факултети, па и да прашаш некој студент кој веќе се запишал на некое од двете.
Планирам годинава да се запишам на конструктивна насока, на страната на факултетот го сретнав ова: Студиската програма по градежништво по моделот 3+2 ќе започне со реализација од учебната 2013/2014 година. ГРАДЕЖНИШТВО 3+2 (од септември 2013) да замолам ако може да ми појасните што значи ова
Тоа значи дека трите години ти се додипломски студии, а оние +2 ти се постдипломски со чие завршување ќе се стекнеш со звањето магистер.
Планирам да се запишам на насока геодезија.....затоа сакам да се распрашам нешто повеќе...какви се професорите.....дали има мн цртање.....? Според новава програма во првиов семестар има само два задолжителни предмети.....
Нема приемни на градежен, на архитектура само А инаку 96 поени не се лоши за на конструктивна насока, така?