Статика и динамика, градежни материјали, јакост на материјали, техничка механика. Ако не се лажам, имаше и предмет Градежна физика на некој од модулите, не знам точно на кој, не се сеќавам.
Имам јас едно прашање во врска со насоките... дали некој може да ми објасни што е со катедрите? што поточно се тие?
Може ли да ми кажеш што означуваат катедрите на конструктивната насока? мислам општо не разбирам што значи поимот? катедрата за техничка механика и јакост на материјалите; катедрата за теорија на конструкциите; катедрата за дрвени и бетонски конструкции; катедрата за челични конструкции.
Девојкии да ве прашам нешто треба ли да се печати електронската пријава? Некој ми вика да, некој не..
Девојкии, што мислите, мора волкава големина сликите? Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 и една со димензии 2 х 3)
Дечки според вас што е најубаво да одберам на Геодезија.....НАЦРТНА ГЕОМЕТРИЈА, ФИЗИКА или пРОГРАМИРАЊЕ?
Зависи што мислиш дека ќе ти биде најлесно. Ако ме прашуваш мене, јас би ти рекла да земеш Нацртна. Не знам кој професор би можел да ти предава, но ако е тој за кој ми збореше другар ми кој патем е на Конструктивната насока и мислам дека кај нив е задолжителен предмет, супер ќе поминеш. За овој предмет треба да ти оди визуелното претставување на просторот во глава, другото се учи, т.е. се црта. Доста корисен предмет е, мислам дека сите идни градежници и архитекти треба да имаат минимални познавања од нацртна геометрија. Пиши што ќе одбереш.
И јас размислував за нацртна геометрија, некако најмногу ме влече.....по се изгледа тоа ќе го одберам, а втор изборен мислам да земам Социологија на претпријатија......дали е добар изборов? Фала ти многу што ми помигна да се одлучам
А ме интересира - нацртна геометрија го немате во програмата како задолжителен предмет? Мислам дека сите насоки го имаа така, но можеби смениле нешто. Разгледај си ги и другите изборни, мислам дека имаше некој во врска со Веб-дизајн или информатика, па ако мислиш дека би ти било лесно, одбери си. Иако мислам дека и тој што го спомна е сосема океј.
На другиве насоки се задолжителни 4, а на Геодезија се само два: Математика и Основи на геодезија..а три се изборни, два од општи предмети(Социологија на претпријатија, Теорија на механика, Физика, Нацртна геометија, Основи на електроника и програмирање) и еден од Универзитетска листа предмети(4).... и мене ме зачуди малце бидејќи колку што имам слушано порано 4 биле задолжителни..( поззз