феминкии помош имам проблем со запешување (електронско) на предметите. Значи семестарот ми покажува дека ми е запишан но нема предмети а не можам да ги внесам :/ :/ Има некој кој знае како да го решам тоа
Дали на градежниот факултет постои можност за плаќање на семестарот на рати и доколку постои кои студенти имаат право на тоа?
Срцки и идни колешки кога е првиот академски час на градежен? знам дека е 16ти меѓутоа никаде не пишува колку саат?
Mислам дека на ниту еден државен факултет нема таква опција, затоа што ако влезеш на пример во државна квота (додипломски студии), ратата по година изнесува 200 евра и си ги плаќаш на некој начин на рати - 100 евра во прв семестар и уште 100 евра во другиот. Исто е и со приватната квота, само што ратата е 400 евра по година.
Благодарам, прашувам затоа што на нашиот факултет имаше известување дека студентите коишто го плаќаат семестарот на рата последната рата треба да ја доплатат во јуни, по што сепак изгледа дека постои таква опција, но не сум сигурна.
Прашај си на Студентски прашања, но јас навистина мислам дека нема таква опција или ако има истава би им била достапна на дел од студентите, на оние кои навистина имаат потреба од тоа.
Мислам дека постои таква опција, сега незнам за градежен точно, ама на Економски сигурно може, една другарка така плаќаше, со молба и одобрија. Би требало и на градежен да може.
Феминки, планирам да се запишам на градежен, не сум некој талент за математика и физика, но ако се потрудам можам да ги научам, но ме предомислува цртањето. Дали има многу цртање или не?
^ Архитектонскиот и Градежниот факултет се сродни гранки, но се два различни факултети кои опфаќаат различни области и не може да се гледаат толку буквално дека едното е гранка на другото.
Да ве прашам. Дали некоја знае кои насоки на градежен факултет ке ги има оваа година во Струмица и Штип?
Завршив средно па уште малку ќе дојде време да се запишам на факултет. Си зацртав во главата дека ќе одам на Градежен, но сите ме предомислуваат. Татко ми ми вели дека ќе заглавам до гуша, сестра ми и пријтелите ми велат дека немало да имам време за ништо, по цели денови на факултет требало да бидам а јас често си шетам и сакам да си го живеам животот а не да го запоставам заради факултетот.. на интернет читав дека иако ќе го завршиш факултетов ќе земаш повторно нормална плата околу 20000.. многу негативни коментари.. професорите биле катастрофа.. И сега? Дали јас да се слушам (иако не можам да докажам дека не се во право) или другите да ги слушам (да беше еден намеше да верувам но сите зборат)?? Некој што е на градежен нека каже како е и што е