1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Градење куќа

Дискусија во 'Дом' започната од Cka, 15 август 2018.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.191
    Допаѓања:
    123.783
    Темава ја почнувам да споделам искуство, па и некој друг да ќари од моите маки. Некои детали не откривам у име анонимност. Молам стручните поими некој да ги коригира оти не ги знам.

    Ако сакате да градите куќа треба:

    1. Плац. Треба да го купите. Одберете плац за кој знаете дека има можност за струја и вода. Видете ДУП. Видете дали има можност за градба и каква.
    На пример, може да купите нива на која не може да се гради. Продавачите ќе ви речат дека може, ама морате да проверите у општина. Треба Извод од ДУП каде пишува и намена.
    Плавот треба да го земете според тоа колкав двор сакате и дали сакате. Прашајте комшии дали имаат вода, телевизија, интернет. Видете дали околу има крави или до вас е даден плац за изградба на зграда. Не сакате да мириса на гомца или пак некој да ви затвори поглед со зграда пред вас.

    Кога ќе најдете плац, Ви треба геодет. Ќе измери колку е плацот и ке стави колчиња. Потоа ви треба договор за купопродажба. Ако е со кредит, парите ви легнуваат на сметка со минус 500 евра (банката ги јаде). Одите, уплаќате на продавачот, и со уплатница одите кај нотар. Потпишувате саат време и имате договор за купопродажба. Норатот тоа го премессиува у Катастар и добивате имотен лист.

    2. Проект за куќа. Треба прво да знаете што сакате и колкаво семејство имате. Сакате на два ката, сакате подруми или сакате поткровје. Кога ќе решите шро сакате у глава, барате проектант архитект. За помалце од 1000 евра нема. Можете и да земете готови проекти од Министерство за транспорт и врски, Миле ги набави за сите :) Архитектот си ангажира луѓе кои работат на потпроекти како водовод, струја и слично. Му кажувате што сакате, он црта, се договоарате и кога ќе биде готово, знаете отприлика што ќе биде. 3Д е 300 евра, јас решив да си замислувам :) Сите документи ги праќа проектантот во општина. Се чека неколку месеци за одобрение, и се плаќаат комуналии, кои зависат од големина на куќа и од тоа каде е куќата. Ако е во град, е поскапо. Секоја општина си има свој правилник и можете да си пресметате и сами ако сакате колку ќе чини. Ние у село плативме околу 2000 евра, у гад над 10 000 евра. После тоа ти даваат Одобрение, се чека правосилност и готовооо...

    3. Бараш изведувач. Мора да ти покаже дека има лиценца Б за градба. Наоѓаш еден кој ти дава понуда (клуч на рака ова зборувам, ако сакате со мајстори, терајте). Врз основа на понудата склучувате договор за градба со определени рокови - на пример за 6 месеци да е готова куќата за вселување. Одите на нотар и готово. Почнува со градба на денот кој сте го определиле. Плаќате по доставена времена. Електронски се, на рака јок. Гледаш у времената дали е изработено тоа што треба и плаќаш. АКо имаш забелешки се коригира. Битен е надзорот.

    4. Надзор. Гледај да не е проектантот, оти секој проект има грешки. Ќе се натегаат. Надзорот е пообјективен и ќе внимава многу повеќе од сами вие, освен ако некој не е градежник :) Околу 1000 евра е надзорот.

    5. Почни да се гњавиш со средување по дома.

    6. Поднеси барање за вода и струја одма кога почнуваш со градба. Скапо е. Стуја прво техничка ти даваат, после за домаќинства, и тоа се плаќа. За вода идат од водовод. И они пари бараат.

    7. Поднеси барање за улица и број до Градот.

    8. Кога ќе биде готово викај геодет. И он зима пари. Мери куќа и после тоа добиваш имотен лист. Исто и општината зима пари тука.

    9. Попатно, рака лекови за смирување. Многу пари за непредвидени трошоци.

    10. Уживај.

    Ако имате прашања, тука сум. Ако имате искуства повелете.
     
    На boomsleng, Freyja, EvAngelos и 33 други им се допаѓа ова.
  2. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Здраво,
    Порано бев поактивна низ форумов, сега многу послабо, поточно по потреба како што е случај и овој пат.
    Со дечкото планираме да се земеме и да градиме куќа, и секако имам многу нејаснотии. Ме интересира за колку беше готова куќата ? Ме интересира за фирмата за градба цена за м2 (ако не е лично прашањето? Дали сте задоволни од истата ? За сега тоа е , благодарам однапред
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.191
    Допаѓања:
    123.783
    6 месеци.
    Цената зависи од материјалите. Од 300 до 400 евра квадрат.
     
    На tambelina, Milobebence, Јаневски и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Во околина на Скопје? Многу еФтино. Клуч на рака или карабина?
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.191
    Допаѓања:
    123.783
    Клуч на рака. Можеше за 5 месеци да е готово ама ние завлечкавме. Околина на Скопје.
     
    На Freyja, tambelina, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Честито.
    Логика тогаш зошто за стан се бара околу 1000 евра од квадрат или тоа само во центар е? Или после сите давачки за куќа пак тука некаде ќе дојде?
     
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Да, и мене тоа ме интересира --севкупно колку чини оти, едни ми велат поевтино било куќа, други велат исто се фаќало ко стан. Периодов баш мислам на темава, али не сум се нафатила да распрашам многу,многу.
    Супер за темата.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Ме занима и мене ама да не можеш да прашаш работава. Тие што ги знаеме што граделе скоро не кажуваат оти мислат дека прашуваш за да им се мешаш во есапот |(
     
    На cresa-jagoda и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    Становите се барани,па ако е добра локација сите се продадени уште во предградба.
    Плус се повеќе млади се одлучуваат за стан ради динамиката на живот(практично се тушираат и спијат само)па ке му дојде дека побарувачката ја диктира цената.
    Од неофицијални муабети знам дека м2 стан,изведувачот го кошта околу 600 евра,со се дозволи.
    Оф топик ми е мислењево,ако има соодветна тема преместете.
    @Cka супер информации и објаснување(y)
     
    На zhap4e и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Премногу врева има во стан, не знам како живеат луѓево внатре.
    Хорор. :puke:
    Веќе дојде и во куќите врева да има, па камо ли стан...
    Нешто кај што не можам да спијам не е дом, работна просторија може да биде, ама дом не е.
    Колку сака нека е скапо и „престижно“ - џабе е, пет пари не вреди, за мене.

    @Cka Одлично инфо! Благодарам. :bow:
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.191
    Допаѓања:
    123.783
    Квадрат плацот е 60 евра. А се движат цените надвор од Градот од 30 до 100 евра.

    Површината на долниот спрат ми зафаќа 80 квадрати. Нормално двор по желба и можности.

    Куќата е градена со одлични материјали за карабина и одлична изведба, внатре штедевме оти тоа е менливо. Ламинат, плочки, врати и слично може да сменам кога сакам.

    Оваа цена е со ограда плус околу плац. Не знам дали пишав погоре, околу 2000 евра се комуналии за кај нас.

    И јас не сфаќам како плаќа некој 1000 евра па дури и 1200 евра квадрат у зграда.
     
    На EvAngelos, Hyla, tambelina и 5 други им се допаѓа ова.
  12. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    Ако можам да Ви помогнам, не од лично искуство туку од братучетка ми со која сме како сестри.
    Во околина на Скопје се продаваа плацеви на електронска лицитација, цените од околу 4,000 евра па нагоре, зависи колку луѓе ќе лицитираат за него. Тие плацот од 450м2 го купија околу 5000 евра. Од општината имаше планови за едноспратни, двоспратни и троспратни куќи бесплатно, па тие си земаа план од таму за едноспратна куќа, со три спални соби, едно купатило, и дневна со кујна и трпезарија. За изградба на куќата платија на фирма околу 500 евра, затоа што по правилата мора да стои дека фирма изведува и истата да стави табла на нивниот плац, но работите си ги вршеше зет ми со другари и роднини. Среќа што тој е геодет па тие работи како мерење и слично не фрлаа пари. Фирмата беше за поголеми работи за да се заштеди на време и доколку чинеше отприлика исто како сами да се работеа (ставање плоча, бетоњерка и слично). Приклучок за вода и струја ги чинеше по 500 евра за секое. Сега мисла им е што да прават за канализација, затоа што од општината кажуваат дека истата ќе ја спроведат за година дена, и ќе се плаќа приклучок од околу 500евра, а ако сакаат во меѓувреме да си изградат септичка јама (изградбата ќе ги фати исто околу 500 евра а во моментот штом ја пуштат канализацијата ќе мора да се приклучат и пак да платат). Карабината ги чинеше околу 10.000 евра со напомена дека плаќаа само материјал, како што кажав сами си ја градеа. Сега за внатре по сите пресметки им недостигаат уште околу 5-6 илјади евра (купатило, плочки во кујна, ламинати, делови од мебел и така). Имаат среќа што во станот каде што живеат си имаат нивни мебел кој само ќе го пренесат, за жал иако сакаат ново се , не можат да си дозволат.
     
    На EvAngelos, Дениција, tambelina и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.401
    Допаѓања:
    81.591
    Пол:
    Женски
    А колку км е околинава на Скопје?
    Инаку супер е цената навистина.
     
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    Толку испаѓа карабина сам кога си правиш.
    Инаку има и фирми за 70 еу од м2, а има и за 90 еу. Зборам за карабина, не клуч на рака. Патем со нивен матријал е тоа.
    Струја уклучување на неизградено е 6 пати поскапо, а на изградено како што кажа 500. Вода околу 400-500 исто.
    Правење јама ај ќе ја направиш ама рачунај дека секоја год треба да се чисти а тоа сигурно е мање више 500 еу. Баш прашував и не се исплатеше.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    15-16км надвор од Скопје, имаше од неколку Општини такви зони за кои се лицитираше за плацеви, О.Гази Баба кај Маџари, О.Илинден населба Јака, О.Петровец мислам имаше и така.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.191
    Допаѓања:
    123.783
    За уклучување струја е 500 евра секако, со тоа што даваат индустриска струја која е поскапа. АМа на работниците им треба струја. После плаќаш околу 4000 денари за да сти ја пренаменат у домаќинкса, идат и проверуваат дали стварно е готова куќата на лице место и станува домаќинска.

    Јама кога се прави, има опции да се чисти или да не се чисти.
    Попивателната не се чисти, ама не е согласно еу стандардите. Јас одлучив да сум сељак, и не е у ЕУ :)

    Јас сум на 10 км од центар.
     
    На Freyja, EvAngelos, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    селанко една :D мене па страв ми е од такви јами (читав од токсини што се впиваат во почва и испаруваат на секој пообилен дожд..)
     
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.191
    Допаѓања:
    123.783
    Кај нас у село сите имаат таква, никој нема мака. Длабока е многу, повеќе од 5 метри, и сметот оди надоле уште.
    Плус одозгора е бетон врз неа :)

    Плууууус, ќе биде базен тоа кога ќе ни донесат канализација, глеаш инвестиција
     
    На tambelina, dunika, sunshine2015 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    На све си мислела, бре! Ќе ти виснам на врат наскоро, си знаеш.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Zerroh121

    Zerroh121 Нов член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2018
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Имаше проекти за куќи на страницата на министерството бесплатни беа,да не ги има некој или да не знај каде може да се најда проекти за куќа од 90м2-100м2 ?