Здраво на сите, има ли некој оквирна информација за цена на кров? Или да ми препорача некој проверен што има фирма? Благодарам
Се работи за кров на 4 води, со баџи од сите 4 страни. 195 м2 во основа и висина од околу 4м. Според проектот предвидена е целосна рекострукција, не само промена на покривач.
Вие го правевте? Со фирма? Ако сте го направиле, ќе може ли контакт доколку сте задоволни од направеното? Баџа
Ме интересина дали некој има искуство со слична ситуација. Со мм сакаме да градиме куќа во родниот град (живееме во друг град), повеќе како викендичка да ни е. Моите имаат плацеви во градот, кои доаѓаат на крај на градот и кои се влезени во новиот урбанистички план. Моментално последната изградена куќа е на 40 м водушна линија. Пределот доаѓа исто како Водно во Скопје, малку на повисоко и зеленило, мирно. Работата е што општината го усвои пред некоја година деталниот урбанистички план, ама ништо нема превземено. На лист има и плацеви, и пат, и се' испланирано. А има само земјен пат до таму каде што има нови куќи градено. До нашиот плац нема ниту земјен пат, плус доаѓа и на угорница скалеста, не е ни рамно. Со кола не се стига. А и за да направат пат, треба да купат приватно земјиште, но воопшто ништо нема. Ни рекоа за вода хидрофорна пумпа ќе треба, канализација нема, мора септичка јама. Општината немала пари за канаизација. Дали јас ако решам да градам куќа, платам комуналии и се' што треба во општина, дали се тие должни да ми направат пат за да можам да стасам до куќата? Не ми е јасно како е тоај предел опција единствена според урбанистички план за градба, а услови никакви општината не обезбедува.
Не знам дали законски се должни ама не прават. Во многу скопски населби на периферија што се го имаат тој проблем
Должни се да ама не се обврзани временски и така ке те маваат се општината нема пари ти ке платиш ем комуналии ем канализација ем пат ке си направиш и вода ке си донесиш
Кога ќе добиете маркица и дозвола за градба, општината е обврзана за 6 месеци да Ви направи асфалтен пат, ако местото е влезено во урбанистички план. И јас истото го сакав и прашував скоро за ова. Инфото е од општината, не е од пријатели.
Ве молам за одговор, може смотана сум за овие работи, ама еднаш прочитав. За оние монтажни куќи од типо на хот и хот, треба дозвола од општина?
ако имаш фасада на надворешните ѕидови дома внатре доволно е само мачкање Ако немаш надвор изолација тогаш изолираш внатре со стиродур 2 см па гипс таблапа лепак мрежа и глетување
A mora li da dojde geodet ako veke prodavacot ima imoten list za tocnatan kvadratura na placot.moralno li e toa so kolcinjata pred kupuvanjeto ili ne e moralno.igra li nekoja bitna uloga vo drugite proceduri?
морално е да се измере и околче да знаеш до кај граничиш со комшиите друг начин нема како да знаеш до кај е твое точно