Во општина тешко некој да ги убрза. Еве пример: Почеток- одиш да прашаш што и кои документи треба да ги обезбедиш за да поднесеш барање за дозвола, од 3 ца вработени нема никој па со саати да ги чекаш за да прашаш. После 2 месеци од денот на поднесување одиш да прашаш што е како е. Добиваш одговор архитектот што треба да го разгледа предметот го нема чепнато т.е незнаат каде е. Еден архитект си оди во пензија, друг архитект на породилно, третиот архитект незнае каде се наоѓа зошто сите предмети кај неа се тупнати. Катастрофа се во општина сите вработени, па и едно однесување небаре работат во НАСА.
Катастрофа е по општините за дозволи, а за парите за комуналии први се да платиш. Инаку ние имавме други проблеми со општината со префрлање земјиште и додека ја средувавме таа документација вработените од општина ни предложија еден архитект за изработка на елаборатот и целата постапка да си ја тера тој. Односно некој нивни човек од страна со кој си соработуваат очигледно. Бидејќи секако немавме архитект ќе баравме и океј цена ни понуди баш ефтино за разлика од други што прашував, а и знаевме више каква куќа распоред се сакаме, му дадовме него овластување да ја тера цела процедура. Замисли за безмалку 2 3 месеци ние веќе ја имавме дозволата за градење. Јас стварно не очекував толку брзо. Тоа е нашата чудесна земја.
по европа може се со понапредни технологии и со појак квалитет тука у мк кога се готови нашмнкани се ок ама имав прилика да влезам во кука у тек на градба страшно беше фушерајско Па по тоа шо го видов решив за тврда градба да одам Ценовно овие монтажните и поскапи изегуваат
Многу претераа со цената. Ако се одлучите за монтажа куќа убаво да го прочитате целиот план и концепт. На нас: 1. Тоалет - гостински само школа и умивалник што би рекле 2 на 2 - во понудата 2500 евра Другото купатило, фамилијарно наше 3 пат поголемо исто 2500 евра... Која е логиката незнам 2. Два спрата - горе 50 квадрати доле исто 50 квадрати, во понудата горе табла со осигурачи - 500 евра и доле табла со осигурачи - 500 евра. Мм ги прашал кој става така посебно табли, која е логиката. 3. Пазарната вредност на плочки ти ги рачуна 10 евра квадрат, ако сакаш други поскапи си доплаќаш. 4. Ламинат/ паркет - 10 евра ти ги рачуна. 5. На нас дека два спрата т.е. долниот дел е веќе тврда градба само ќе требаше гипс, плочки, ламинат да стави, ДДВ - 2000 евра За горниот спрат комплет да направи исто 2000 евра ДДВ
Се прашувам дали има ваков ценовник во Македонија? https://www.daibau.rs/cene/klimatski_uredaji_klime
еве јас сум ви најпресна 200 кв кука карабина околу 30.000 е до сега без плацот уште толку ке ми лане и внатре сигурно е сеа моите мајстори се диви не се фирма така да и тоа турете го у цена и сигурно минимум 200 е е сеа карабина а минимум 500 е клуч на рака
Па и јас ви пишувам од прва рака, не на памет. Со фирма и тоа. Тој што решил, нека не се обесхрабрува и нека прави пресметка на што ќе штеди, а на што ќе даде повеќе. Напротив, цените на материјалите паѓаат во моментов. Железото се врати на иста цена. Математиката секој си ја прави, како и умешноста да се снајде, каде има контакти за попусти, кој има фамилијарна поддршка во однос на умеење да се завршат некои работи. Тој што решил нека не го плашат муабетите - поскапено е. Кога дошол ред и собрал храброст - нека тера.
Има една стара Кога ке почниш да правиш куќа и Господ помага на колку е паднато железото? на 5 ден кг? 35 беше до скоро
Ти благодарам на одговорот! Меѓувремено и јас распрашав конкретно за 8мица стиропор и ми кажаа цена 32€ квадрат. А за балкони работење 19 € од квадрат. Цените ептен скокнале, до пред една година за 10 евра поефтино беше. Ми е криво што тогаш не направивме термо фасада.
ефтино скапо тоа е сме се нафатиле да градиме и тераме и јас баш во најскапото почнав од темел ама јбг нема назад а цените се да ти се плаче
Каде можам да се обратам за изработка на ваква да ја наречам настрешница за пред влезна врата? Каков мајстор или која фирма би можела да ми го изведе ова